Свет
Повеќе од 500 луѓе се спасени од станбениот комплекс Клирвотер западно од Тампа
Стотици луѓе заробени во станбен комплекс во Клирвотер, на околу 30 километри западно од Тампа, беа спасени од поплавата. Водата почна да пристигнува во текот на ноќта од средата кон четвртокот, но ураганот значеше дека службите за итни случаи не можеа безбедно да одговорат на повиците на жителите за помош.
Фотографиите покажуваат дека многу автомобили пред становите се речиси целосно потопени. Полицијата соопшти дека била преземена голема операција за спасување кога ветровите се смириле.

„Екипите користеа разни возила за висока вода за да пристапат до жителите и да ги доведат на безбедно. Многумина беа однесени во локалните засолништа наменети за евакуирани од урагани. Службениците за итни случаи одеа од врата до врата за да се уверат дека нема жртви заробени „Неколку евакуирани беа прегледани од пожарникарите на местото , но нема позначителни повреди“, соопшти полицијата.
Вкупно, од 178 станови се спасени 449 возрасни и 116 деца и тинејџери.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

