Свет
Поголемиот дел од светот ја прославува Новата година под антиковид-мерки
Додека сѐ уште сме во подготовките за Нова година, жителите на островските држави Самоа, Кирибати, Нов Зеланд и Австралија веќе си ја честитаа Новата година, главно со откажани или ограничени јавни собири, а некаде и со спектакуларен огномет.
Австралија се збогуваше со 2021 година со прекрасен огномет над пристаништето во Сиднеј бидејќи добија добра вест од Јужна Африка, првата земја што го помина бранот омикрон и донесе надеж за посреќна Нова година, пренесува Ројтерс.
Прославата на Новата година на Тајмс сквер во Њујорк ќе се одржи и покрај рекордниот број заразени од коронавирус, потврди вчера градоначалникот Бил де Бласио.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

