Свет
Познат идентитетот на децата убиени во масакрот во Тексас
Неколку часа по масакрот во основното училиште во Тексас, почнаа да пристигнуваат информации за жртвите. Полицијата потврди дека загинале 19 деца и двајца возрасни, а неколку деца тешко се повредени. Медиумите јавуваат дека се идентификувани првите жртви.
Узија Гарсија е осумгодишно дете убиено во нападот, потврди неговото семејство.
„Најслаткото момче што некогаш сум го познавал“, изјави неговиот дедо Мани Ренфро за „Асошиетед прес“.
Мајката била на училиште непосредно пред масакрот.
Друга идентификувана жртва е 10-годишниот Ксавиер Хавиер Лопез.
„Тој беше само 10-годишно момче, кое уживаше во животот, без да знае што ќе се случи денес. Постојано се шегуваше, сакаше да танцува со браќата, со мајка си. Ова е многу тешко за сите нас“, изјави роднината на убиениот Ксавиер.
Неговиот братучед открил за „АБЦ њуз“ дека момчето и мајка му биле на училиште само неколку часа пред нападот на доделувањето на наградите. Мајка му тогаш го видела последен пат.
Убиена е и десетгодишната Амери Џо Гарза.
Амери Џо наполни 10 години пред две недели, изјави татко ѝ Ангел Гарза (Ангел).
„Ви благодарам на сите за молитвите. Мојата мала љубов сега лета високо со ангелите. Никогаш не земајте ништо здраво за готово. Особено времето што го поминувате со вашите семејства. Прегрнете го вашето семејство. Кажете им дека ги сакате. Те сакам, Амери Џо“, изјави Гарза за АБЦ, пренесуваат медиумите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Експлозии одекнуваат низ Техеран откако Израел најави широк напад во срцето на иранската престолнина
Нови експлозии одекнуваат низ Техеран, а снимки и фотографии од густ чад се појавуваат на социјалните мрежи.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) пред нешто повеќе од половина час објавија дека почнале напади врз срцето на Техеран.
तेहरान के ऊपर विशाल धुएँ के कॉलम उठ रहे हैं, इज़रायली हमलों के बाद। क्या ये मिडिल ईस्ट का नया युद्धक्षेत्र बन गया? #TehranUnderAttack #IsraelIranWar#Iran #Khamenei #Israel #Tehran #Teheran #IranRevoIution2026 #IranWar pic.twitter.com/IllTWLSKhe
— Mayank Tiwari (@imayanktiwari) March 1, 2026
„Воздухопловните сили, водени од военото разузнавање почнаа широк бран напади врз цели на иранскиот терористички режим во срцето на Техеран“, се наведува во соопштението на армијата.
Војската додава дека во текот на изминатиот ден биле спроведени обемни напади со цел да се обезбеди воздушна надмоќ и да се отвори патот кон Техеран.
Фото: ЕПА
Свет
Убиен е шефот на иранската армија кој жестоко им се закани на САД пред 5 дена
Иранската државна телевизија објави дека началникот на Генералштабот на вооружените сили Абдолрахим Мусави е убиен во напади врз Иран.
Тој беше меѓу околу 30 клучни лидери на иранскиот режим и воени команданти за кои се тврди дека биле цел на вчерашните заеднички напади на САД и Израел.
Мусави беше тој што пред пет дена им се закани на САД во име на иранските власти, што е најтешката закана дотогаш.
„Ако овој пат направат грешка, ќе им нанесеме големи загуби, бидејќи нашите вооружени сили се решени да се спротивстават на силата што врши заплашување до самиот крај“, рече Мусави.
Фото: depositphotos
Свет
Израел почна широк бран напади врз Техеран, ИДФ тврди дека фрлил над 1.200 парчиња муниција
Израелската војска соопшти дека почнала широк бран напади врз цели на иранскиот режим во срцето на Техеран, во рамки на операцијата наречена „Рик на лавот“.
„Воздухопловните сили, водени од военото разузнавање почнаа широк бран напади врз цели на иранскиот терористички режим во срцето на Техеран“, се наведува во соопштението на армијата. Војската додава дека во текот на изминатиот ден биле спроведени обемни напади со цел да се обезбеди воздушна надмоќ и да се „отвори патот кон Техеран“.
Од Израелските одбранбени сили (ИДФ) информираат дека во последните 24 часа израелски борбени авиони фрлиле повеќе од 1.200 парчиња муниција врз Иран. Според ИДФ, биле погодени стотици ирански воени цели, вклучувајќи лансери на балистички ракети и системи за противвоздушна одбрана.
Во меѓувреме, трет круг сирени за тревога поради проектили се огласил на северот на Израел. Силни детонации биле слушнати и во подрачјето на Ерусалим, но засега нема информации за повредени или материјална штета.
Нови сирени се огласиле во регионот на Ерусалим, како и низ Тел Авив и други градови во централниот дел на земјата, по предупредувања за дојдовен ракетен напад од Иран.

