Свет
Политичарката која танцуваше со Путин на својата свадба тврди дека морала да побегне од Австрија
Поранешната министерка за надворешни работи на Австрија Карин Кнајсел, на чија свадба гостуваше рускиот претседател Владимир Путин, вели дека животот ѝ бил уништен поради блискоста со претседателот на Москва.
Кнајсел за германски RTL изјави дека се смета себеси за „политички бегалец“ бидејќи морала да ја напушти Австрија поради де факто постоечката забрана за работа поради нејзиниот однос со Путин.
„Морав да трчам. Не си заминав доброволно“ – го објасни преселбата во едно француско село.
Таа рече дека не можела да замисли дека ќе мора да се откаже од сè што изградила.
Поради блискоста со Путин, додава таа, никој не сака да ја вработи.
Имено, Кнајсел во 2018 година беше на насловните страници на медиумите ширум светот, откако лично Путин дојде на нејзината свадба. Кнајсел вели дека не жали што го поканила Путин на свадбата.
Рекла и дека не сака да ја напушти работата во руски „Роснефт“, иако е под голем притисок.
„Мојот живот е веќе уништен“, рече Кнајсел, додавајќи дека не сака да се дистанцира од Путин.
Како што пишува виенскиот весник „Прес“, поранешната шефица на австриската дипломатија ја загубила позицијата во австриското друштво за политички и стратегиски студии „Сратег“, каде што била прв потпретседател.
Таа наводно поднела оставка од функцијата во компанијата финансирана од австриското Министерство за одбрана.
„Прес“ наведува дека таа не поднела доброволна оставка, туку неколку пензионирани генерали побарале Друштвото да се „ослободи“ од Кнајсел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Ирак: Соборен дрон кај меѓународниот аеродром во Багдад
Ирачките власти соопштија дека дрон бил соборен во близина на меѓународниот аеродром во Багдад, без жртви или материјална штета, јави Анадолу.
Во соопштение пренесено од Ирачката новинска агенција (ИНА) се наведува дека леталото било пресретнато на надворешниот периметар на аеродромот.
Генерал-потполковник Саад Маан изјавил дека станува збор за мало беспилотно летело и потврдил дека нема човечки или материјални загуби.
Овој развој на настаните доаѓа откако претходно во Ербил, на северот на Ирак, се слушнале експлозии по напад со дрон насочен кон американскиот конзулат и градскиот аеродром, каде биле активирани системите за противвоздушна одбрана. Дроновите биле пресретнати, но нема потврда за нивниот точен број.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА
Свет
Мерц: Трамп ме увери дека американската војска ќе остане во Германија
Американскиот претседател Доналд Трамп потврдил дека САД планираат да ја задржат својата воена присутност во Германија, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц по средбата со него во Белата куќа.
„Трамп уште еднаш ме увери дека САД имаат намера да ја задржат својата воена присутност во Германија“, изјави Мерц во Вашингтон, додавајќи дека тоа се добри вести.
Во последните месеци се шпекулираше дека, поради критичкиот став на Трамп кон Европа, би можело да дојде до повлекување на американските трупи од Германија.
Мерц рече дека со Трамп разговарале и за подобра организација на заедничкото одвраќање пред самитот на НАТО во Анкара во јули.
Тој додаде дека Трамп признал дека Германија презела водечка улога во зајакнувањето на европскиот столб на НАТО и дека САД го почитуваат германското вложување во војската.

