Свет
Полицајците и војниците во Тунис по првпат гласаат на избори
Полицајците и војниците во Тунис денеска првпат излегоа да гласаат на локалните избори во земјата.
Повеќето Тунижани ќе гласаат на 6 мај на изборите за општински совети, но околу 40.000 припадници на безбедносните сили, кои имаат право на глас, гласаа денеска.
Претходно, државјаните на Тунис вработени во полицијата или армијата не гласаа на избори, бидејќи мораa да бидат политички неутрални. Парламентот на Тунис во јануари одлучи да им даде право на глас на 120.000 припадници на безбедносните сили, првпат откако Тунис стана независен од Франција во 50-тите години од минатиот век.
На 6 мај во Тунис ќе се одржат првите локални избори од револуцијата во 2011 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

