Контакт

Свет

Помпео го осуди нападот врз ирачката база

Објавено пред

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, го осуди нападот врз воздухопловната база Балад во Ирак, во кој беа повредени четворица ирачки војници.

Тој ја повика ирачката Влада да ги изведе пред правдата одговорните за нападот врз Ирак.

„Континуираното кршење на ирачкиот суверенитет од страна на групи што не се лојални на ирачката Влада мора да престане“, напиша Помпео на „Твитер“.

Врз базата Балад вчера беа испукани седум минофрлачки бомби.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Во Романија 3.400 новозаразени и 65 починати од Ковид-19

Објавено пред

Во Романија биле тестирани 29.400 лица во последните 24 часа, од нив 3.400 биле позитивни на коронавирус, соопштија здравствените власти.

Во еден ден починале 65 лица, или вкупно 5.996, јавува агенцијата Адјерпрес.

Од почетокот на пандемијата во Романија, 186.254 луѓе биле позитивни на вирусот.

Најголем број на заразени лица сè уште има во округот Букурешт и округот Алба.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Хрватска 890 новозаболени од Ковид-19, осуммина починати

Објавено пред

Во последните 24 часа во Хрватска се евидентирани 890 нови случаи на инфекција со Ковид 19, а бројот на активни случаи е вкупно 5519.

Меѓу нив, 574 пациенти се наоѓаат во болница, од кои 32 се на апарати за дишење.

Осум лица починаа. Меѓу нив и пациентка родена во 1987 година.

Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, досега се евидентирани вкупно 26.863 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 382 починале.

Вкупно закрепнале 20.962 луѓе, од кои 433 во последните 24 часа.

Во моментов има 22 372 лица во самоизолација.

До денес се тестирани вкупно 406.519 лица, од кои 5.883 во последните 24 часа.

Во Хрватска засега не се размислува да се воведе полициски час.

Прикажи повеќе...

Свет

Кина бара од СAД да престанат да се мешаат во нивните внатрешни интереси

Објавено пред

Кинеското Министерство за надворешни работи објави дека САД треба веднаш да престанат да се мешаат во нејзините внатрешни работи, откако претседателот на тибетската централна управа (ЦТА), лидер на тибетската влада во егзил, Лобсанг Сангај, се состана со службеник на американскиот Стејт департмент во Вашингтон.

Сангај минатата недела се сретна со американскиот специјален координатор за Тибет и истакна дека е првпат шефот на ЦТА да биде примен во Стејт департментот, објави „Ројтерс“.

„Кина ќе ги преземе сите неопходни мерки за да ги заштити интересите на својата земја“, рече портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Џао Лиџианг, на прес-конференција.

Опишувајќи го Сангеј како антикинески сепаратист, Џао рече дека Соединетите Држави треба да ги прекинат сите официјални контакти со него.

Состанокот испрати сериозно погрешен сигнал до тибетските сили за независност, посочи тој.

„Соединетите Држави треба веднаш да престанат да го користат прашањето за Тибет како мешање во кинеските внатрешни работи“, заклучи Џао.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Заев: Директорот на Македонска пошта, Ејуп Рустеми од ДУИ, ќе биде директор на ЈП „Државни патишта“

Актуелниот директор на Македонска пошта, Ејуп Рустеми од ДУИ, ќе биде назначен за директор на ЈП„Државни патишта“, потврди денеска премиерот...

Македонија2 часа

За една недела 49 лица починале од коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 12 до...

Европа2 часа

Ломбардија воведува полициски час од 22 октомври

Од 22 октомври ќе се воведе полициски час во северната италијанска покраина Ломбардија, која се смета за „локомотива“ на италијанската...

Македонија2 часа

Заев: Оваа Влада ќе го негува и унапредува македонскиот јазик

Сè дури постои македонскиот јазик ќе постојат и Македонците, сè додека постојат Македонците ќе постои и македонскиот јазик, изјави премиерот...

Македонија3 часа

МОН објави упатство: Наставниците да го прилагодат оценувањето согласно учењето на далечина

Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образование ги известија училиштата за начинот на следење и оценување...

Европа4 часа

Курц: До следното лето ќе се вратиме во нормала

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, верува дека вакцината против коронавирус ќе биде достапна во првата половина на следната година. „До следното...

Македонија4 часа

Весковски: Водоснабдувањето во Скопје нормализирано, ваков дефект се јавува еднаш на 10 години

Водоснабдувањето кое во текот на вчерашниот ден беше прекинато во голем дел од Скопје, како резултат на голем дефект на...

Македонија5 часа

Новите мерки против коронавирусот на дневен ред во Владата и Собранието

Новите мерки во борбата против коронавирусот денеска ќе се најдат на седници на Владата и на Собранието. Владата треба да...

Свет5 часа

Во Москва 49 нови смртни случаи од коронавирус за 24 часа

Рускиот главен град во понеделникот регистрираше 49 нови смртни случаи поврзани со коронавирус, соопшти Московскиот кризен штаб. „Четириесет и девет...

Свет5 часа

Ирска воведе најстроги мерки против коронавирусот во Европа

Ирскиот премиер Михаел Мартин го потврди враќањето на највисоко, петто, ниво на ограничувања во борбата со коронавирусот, кое ќе трае...

Свет6 часа

Норвешки лекар тврди дека коронавирусот мутирал

Нова мутација на САРС-КоВ-2 коронавирус е откриена во Норвешка, тврди главниот лекар на општината Трондхајм, Тове Рестад. Од друга страна,...

Македонија20 часа

Во Скопје 2.674 активни случаи на коронавирус, најмногу во Аеродром, Карпош и во Центар

Во Скопје во моментот има 2.674 активни случаи на коронавирус од вкупно 5.550 во целата држава. Најмногу активни случаи во...

Свет20 часа

Студија: повеќе од половина од луѓето што прележале Ковид-19 чувствуваат симптоми и по неколку месеци

Повеќе од половина од луѓето што биле отпуштени од болница по заболувањето од Ковид-19, чувствуваат симптоми, како што се отежнато...

Македонија22 часа

Дванaесет починати и 161 нов случај на коронавирус во Македонија

Дванaесет лица починаа, а потврден е 161 нов случај на коронавирус во земјата во последните 24 часа, соопшти Министерството за...

Македонија24 часа

Кумот на Груевски во притвор поради плацовите на Водно

Кривичниот суд во Скопје му изрече 30 дена притвор на Ристо Новачевски, кој се товари за сторено кривично дело перење...

Македонија24 часа

Филипче: Ситуацијата е навистина сериозна, следен чекор би бил полициски час

Министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти дека утре до Владата ќе биде предложен дополнителниот сет мерки за превенција од коронавирусот....

Свет1 ден

Европската агенција за лекови ќе ги разгледа резултатите од студијата на СЗО за лекот ремдесивир

Европската агенција за лекови (ЕМА) ќе ги разгледа резултатите од студијата на Светската здравствена организација (СЗО) за антивирусниот ремдесивир, што...

Македонија1 ден

(Видео) Пендаровски: Научните аргументи и вистината за јазикот се на наша страна и од нив никој разумен не може да се откаже

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на отворањето на манифестацијата Отворени денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“. Овогодишниот...

Топ1 ден

Инспекторите растурија свадба во Глумово со 250 гости, следи кривична пријава

Инспекторите откриле уште еден случај на масовно непочитување на мерките против коронавирус во околината на Скопје. Синоќа во периодот од...

Македонија1 ден

Од отворањето на градинките, од корoнавирус заболеле 18 деца и 55 вработени

Од отворањето на градинките на 9 септември досега од коронавирус заболеле 18 деца и 55 вработени, информира министерката за труд...

Досие