Свет
Помпео: Џјинпаинг е поголема закана од Владимир Путин
Поранешниот американски државен секретар Мајк Помпео изјави дека верува оти кинескиот претседател е поголема закана за светот од рускиот претседател Владимир Путин.
Во интервју за „Скај њуз“ тој рече дека кинескиот претседател планира да владее со светот и додаде: „Тој сака да ве поседува“.
„Џјинпинг планира да ги спроведе хегемонистичките намери во светот со својата марксистичко-ленинистичка визија и да воспостави кинеска економска и политичка доминација во секој дел од светот“, рече Помпео, пренесе „Танјуг“.
„Тоа е неговата злобна цел. Имаме обврска кон следната генерација да се спротивставиме“, рече тој.
На прашањето дали кинескиот претседател е поопасен од неговиот руски колега, Помпео одговори: „Апсолутно“.
„Владимир Путин има многу моќна нуклеарна програма и економија што зависи од една индустрија. „Кога би произведувале енергија во Америка, таа индустрија би му била многу помалку вредна“, рече тој.
„Џјинпинг е поинакво суштество. Од тоа зависи глобалната економија. Има 1,4 милијард луѓе и економија која е конкурентна по големина со онаа на САД, многу способна просторна, воена и сајбер-програма“, посочи Помпео.
Тој изјави дека иако Путин верува во голема Русија, тој „нема илузии за неговата способност да доминира со светот“, додека Џјинпинг верува во тоа.
„Ова се два фундаментално спротивни ризици за нашиот начин на живеење во Европа, САД, Азија, Блискиот Исток, насекаде“, рече Помпео.
Мајк Помпео беше државен секретар меѓу 2018 и 2021 година за време на мандатот на Доналд Трамп.
Тој беше офицер во американската армија и директор на Централната разузнавачка агенција (ЦИА) од јануари 2017 до април 2018 година, пренесе „Денес.рс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Одложен состанокот на министрите на ЕУ во Кипар поради нападот со беспилотно летало
Состанокот на министрите за европски прашања на земјите-членки, кој требаше да се одржи денес и утре на Кипар, е одложен поради нападот со беспилотно летало врз британската база Акротири на тој остров, објави кипарското претседателство.
„Во раните утрински часови имавме еден, изолиран инцидент со беспилотно летало насочено кон британската база во Акротири, Кипар, со ограничена штета. Точното потекло на беспилотното летало моментално се проверува, но е потврдено дека Република Кипар не била цел на нападот“, објави портпаролката на кипарското претседателство.
Со оглед на овој неочекуван развој на настаните, кој за жал влијаеше на денешните летови до Кипар, кипарското претседателство одлучи да го одложи неформалниот состанок на Советот за општи работи.
Советот за општи работи, кој е составен од министрите на ЕУ од земјите-членки, требаше да разговара за предлогот за повеќегодишен буџет за периодот 2028-2034 година, борбата против манипулацијата со информации и мешањето од трети земји и проширувањето на ЕУ.
На состанокот беа поканети и министри од земјите-кандидатки.
Кипар, кој беше британска колонија до 1960 година, е дом на две бази – Акротири и Декелија – кои имаат статус на британски прекуокеански територии. Британците ги задржаа овие две бази според договорот за независност на Кипар од 1960 година.
фото/Depositphotos
Свет
Катар ги прекина односите со Иран по нападот
Катар ги прекина односите со Иран по нападот, соопшти Министерството за надворешни работи на таа земја.
Портпаролот изјавил за Си-Ен-Ен дека Иран гаѓал цивилна инфраструктура во Катар, вклучително и меѓународниот аеродром, како и дека катарските борбени авиони собориле дронови и други проектили.
„Ваков напад не може да помине без одмазда“, рекол тој, додавајќи дека Иран мора да ја плати цената за овој очигледен напад врз нивниот народ.
Фото: Depositphotos
Свет
Кремљ во постојан контакт со Техеран, нападот го нарече отворена агресија
Кремљ соопшти дека Русија е во постојан контакт со иранското раководство по, како што наведе, „отворената агресија“ врз Техеран и изрази длабока разочараност од развојот на настаните.
Рускиот претседател Владимир Путин во неделата го осуди убиството на иранскиот врховен водач ајатолахот Али Хамнеи, нарекувајќи го „цинично“, додека руското Министерство за надворешни работи ги обвини САД и Израел дека Блискиот Исток го турнале „во бездна на неконтролирана ескалација“.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Москва ја анализира ситуацијата по одлуката на Вашингтон да започне напади врз Иран, и покрај, како што сметала Русија, охрабрувачките сигнали од преговорите меѓу САД и Иран со посредство на Оман.
„Можеме да изразиме длабоко разочарање бидејќи, и покрај извештаите за значителен напредок во тие преговори, ситуацијата сепак ескалираше во отворена агресија“, рече Песков.
Тој додаде дека Путин подоцна во текот на денот ќе има меѓународен телефонски разговор поврзан со Иран, без да открие со кого, и посочи дека Русија останува во дијалог и со земјите од Персискиот Залив погодени од конфликтот.
Фото: ЕПА

