Свет
Поради палењето на Куранот, Данска ја зајакна граничната контрола

Данската полиција ги зајакнува граничните контроли откако недамнешното палење на Куранот влијаеше на безбедносната ситуација, соопшти Министерството за правда по сличната одлука на Шведска претходно оваа недела.
Антиисламските активисти во Данска и Шведска запалија и оштетија неколку копии од муслиманската света книга во последните месеци, што предизвика бес во муслиманскиот свет и барања до владите да ги забранат таквите дела.
„Властите денеска заклучија дека во овој момент е неопходно да се зголеми фокусот на тоа кој влегува во Данска за да се одговори на конкретни и актуелни закани“, се вели во соопштението на данското министерство. Засилените гранични контроли ќе стапат во сила од 10 август“, се вели во соопштението.
„Недамнешното палење на Куранот, како што тврди безбедносната полиција, влијаеше на моментната безбедносна ситуација“, рече во изјавата министерот за правда, Питер Хумелгард.
Одлуката за заострување на граничните контроли со повеќе проверки на патниците што доаѓаат во Данска следува по сличен потег на Шведска.
Двете влади го осудија палењето и рекоа дека размислуваат за нови закони, кои би можеле да го запрат. Но, домашните критичари велат дека ваквите одлуки ќе ја поткопаат слободата на говор заштитена со нивните устави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Убиецот на Кирк го признал злосторството пред својот татко, но не сакал да се предаде

Откако американските власти ги објавиле фотографиите од лицето кое било барано за убиството на политичкиот активист, Чарли Кирк, таткото на Тајлер Робинсон го препознал својот син и се соочил со него, пренесува „Си-би-ес њуз“ повикувајќи се на извори од федералните полициски агенции.
Според истите извори, Робинсон пред својот татко признал дека тој е лицето од фотографиите. Таткото го убедувал да се предаде, но младиот човек одбил, заканувајќи се дека попрво би си го одзел животот одошто да заврши зад решетки.
Во драматичната ситуација, таткото побарал помош од семеен пријател – свештеник за млади, кој воедно е и судски службеник за обезбедување. Свештеникот на крај ја повикал американската полиција, која го привела Робинсон и го држела на безбедно до пристигнувањето на агентите на ФБИ. Младиот човек потоа бил предаден во притвор.
Свет
(Видео) Трамп: Ја решив војната меѓу Албанија и Азербејџан

Американскиот претседател Доналд Трамп, во гостување на „Фокс њуз“, изјави дека успеал да реши војна меѓу Албанија и Азербејџан – конфликт што никогаш не постоел.
Очигледно, тој ја помешал Албанија со Ерменија.
Трамп раскажа дека, наводно, ги довел лидерите на „двете држави“ во својот кабинет и ги натерал да се прегрнат и помират.
„22 години се борев, убивав негови луѓе“, наводно рекол едниот; „Седум години убивав нивни луѓе“, додал другиот.
„Јас им реков: ’Ајде да се прегрнете’. И го решивме проблемот“, изјави Трамп.
Trump confused Armenia with Albania during a Friday interview on Fox News.
“I ended wars that were thought to be unsolvable. Azerbaijan and Albania. It went on for many, many years,” he said. pic.twitter.com/86KJvi17Rm
— NEXTA (@nexta_tv) September 12, 2025
Свет
Осомничениот за убиството на Чарли Кирк се брани со молчење

Тајлер Робинсон, осомничениот за убиството на Чарли Кирк, престанал да комуницира со истражителите откако ангажирал адвокат. Деталите од неговиот прв разговор со полицијата се непознати.
„Тајлер Робинсон, човекот осомничен за пукањето и убиството на Чарли Кирк во среда, не разговара со истражителите“, потврдија за „Си-ен-ен“ два извори запознаени со случајот.
Еден од изворите рече дека Робинсон првично комуницирал со полицијата, но набрзо замолчил откако утрово ангажирал адвокат. Засега не е познато што разговарал со истражителите пред да одлучи да молчи.