Свет
Поранешниот адвокат на Трамп вратен во затвор: „Ме затвораат оти планирам да објавам книга за претседателот“

Поранешниот личен адвокат на американскиот претседател Доналд Трамп, Мајкл Коен, е вратен во затвор.
Коен (53) ги тужеше претставниците на федералните затвори, меѓу кои и главниот обвинител Вилијам Бар, велејќи дека тој бил вратен во затвор за да го спречат да објави книга за неговите искуства со Трамп.
Сепак, обвинителите тврдат дека причината е тоа што тој одбил да потпише договор за условите за куќен притвор, а не затоа што планирал да објави книга.
Судското рочиште, на кое ќе се одлучи дали биле повредени уставните права на Коен кога бил вратен во затвор, ќе се одржи денеска, пренесува АП.
Коен беше испратен дома во мај да ја издржува казната, додека властите се обидуваа да го забават ширењето на коронавирусот во федералните затвори.
Тој издржа една од трите години на кои беше осуден по изјаснувањето за виновен за обвиненија за финансирање на кампањата и лажење пред Конгресот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Туск: Соборени се дроновите што претставуваа закана

Синоќа, голем број руски беспилотни летала влегоа во полскиот воздушен простор, објави полскиот премиер Доналд Туск, додавајќи дека биле соборени беспилотните летала што претставувале директна закана.
„Синоќа, голем број руски беспилотни летала го нарушија полскиот воздушен простор. Овие беспилотни летала што претставуваа директна закана беа соборени. Јас сум во постојана комуникација со генералниот секретар на НАТО и нашите сојузници“, рече Туск.
Европа
(Фото) Остатоци од дрон паднале врз станбена куќа во Полска

Остатоци од руски дрон паднале врз станбена куќа во регионот Лублин, објавија полските медиуми. „Полсат њуз“ објави дека покривот и паркингот се оштетени, но никој не е повреден.
Повикувајќи се на локален полициски инспектор, „Полсат“ соопшти дека „остатоците од руски дрон паднале врз станбена куќа во градот Вирики Вола“.
— Remiza.pl (@remizacompl) September 10, 2025
„Луѓето слушнале експлозија и виделе полски борбени авиони. Ситуацијата е доста сериозна и загрижувачка. Навистина постои голема загриженост кај жителите“, рече градоначалникот Мариуш Занко.
Регионот Лублин, во источна Полска, се граничи со Белорусија и Украина.
фото: принтскрин
Европа
Завршена полската воена операција

Полската војска ја заврши својата воена операција откога собори беспилотни летала што влегоа во полскиот воздушен простор во текот на ноќта.
„Полските и сојузничките операции на воздухопловните сили поврзани со кршење на полскиот воздушен простор се завршени. Пребарувањето и локализирањето на можните места на удар на објекти што го нарушија полскиот воздушен простор е во тек“, се вели во соопштението.
Полската војска им се заблагодари на Воздухопловната команда на НАТО и на Холандија за испраќањето борбени авиони „Ф-35“ за да се обезбеди безбедноста на полското небо. Земјените системи за воздушна одбрана и радарското извидување се вратија на стандардни оперативни активности.
Само еден аеродром сè уште не е отворен
Главниот аеродром во Варшава е повторно отворен. Портпаролот на Полската агенција за воздушна навигација сега изјави за телевизиската станица TVN24 дека аеродромите во Модлин и во Жешов исто така се повторно отворени.
Аеродромот во Лублин останува привремено затворен.
фото: принтскрин