Свет
Почина советскиот дисидент Владимир Буковски
Владимир Буковски, истакнат дисидент од советската ера, кој стана меѓународно познат по откривањето на советската злоупотреба на психијатријата, почина на 77-годишна возраст.
„Буковски почина синоќа од срцев удар по долг период боледување, во Кембриџ, Англија, каде што живееше кога беше депортиран од Советскиот Сојуз во 1976 година“, соопшти Центарот „Буковски“ на својата веб-страница.
Центарот, со седиште во САД, соопшти дека Буковски бил во лоша здравствена состојба неколку години.
Тој поминал 12 години во советските затвори или психијатриски болници заради остри критики кон комунистичката влада и стана симбол на советското прогонство на оние што покажуваат несогласување.
Во 1971 година Буковски шверцувал материјали што покажувале како комунистите ја употребале психијатријата за казнување дисиденти и бил осуден на седум години затвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

