Свет
Почина таткото на Ентони Блинкен
Таткото на американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, Доналд, поранешен американски дипломат и инвестициски банкар, почина на 96-годишна возраст, пренесува АП.
Блинкен ја објави веста за смртта на својот татко, кој почина вчера, во серија твитови додека присуствуваше на годишното Генерално собрание на ОН, наведува американската агенција.
„Моето семејство загуби родител и дедо, извор на љубов и инспирација, татко ми Доналд Блинкен“, напиша американскиот државен секретар.
Тој рече дека Доналд Блинкен починал мирно во својот дом во Ист Хемптон, Лонг Ајленд.
My family lost a parent and grandparent, a source of love and inspiration — my father Donald Blinken. A member of the U.S. Army Air Corps, a U.S. Ambassador, president of the Mark Rothko Foundation, chair of the State University of New York dad served his city, state and country.
— Antony Blinken (@ABlinken) September 23, 2022
„Припадник на Воздухопловниот корпус на американската армија, американски амбасадор, претседател на одборот на директори на Фондацијата ‘Марк Ротко’ и Државниот универзитет во Њујорк, тато му служеше на својот град и држава“, рече Блинкен и додаде дека татко му му бил инспирација за тој да се определи за јавна служба.
Ентони Блинкен откажа неколку настани на кои требаше да присуствува на Генералното собрание на ОН во четвртокот вечерта поради влошената здравствена состојба на татко му, а неговиот распоред денес ќе биде приспособен за да вклопат на семејните обврски, изјави претставник на Стејт департментот.
Доналд Блинкен беше претседател на Одборот на доверителите на Државниот универзитет во Њујорк од 1978 до 1990 година и американски амбасадор во Унгарија од 1994 до 1997 година за време на администрацијата на Клинтон, според АП.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел: Способноста на Иран да лансира ракети ќе биде значително нарушена
Израел очекува способноста на Иран да испали балистички ракети да биде значително нарушена во следните 24 часа, изјавија двајца израелски функционери, како резултат на зголемените напади на САД и Израел. Според нив, се очекува фреквенцијата на иранските ракетни напади да се намали до вторник вечерта и да бидат испукани помалку ракети кон Израел, пренесуваат медиумите во регионот.
Во првите три дена од војната, САД и Израел погодија повеќе од 1.200 цели. Се очекува тој број да се удвои до вторник, по она што официјалните лица го опишаа како неуморно темпо на напади што започна во понеделник и се очекува да продолжи во текот на ноќта.
Еден од функционерите рече дека се очекува нападите на американските и израелските сили во понеделник вечерта да бидат насочени кон ракетни лансери, сили за внатрешна безбедност и цели на Револуционерната гарда. Американските и израелските функционери денес нагласуваат дека темпото и успехот на воздушната кампања досега ги надминале сите очекувања.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.

