Свет
По престојот во Скопје, американскиот државен секретар стигна во Израел
Американскиот државен секретар Антони Блинкен денеска пристигна во Тел Авив, каде што се очекува да се сретне со израелските лидери на разговори за продолжување на привременото примирје на Израел со милитантите на Хамас и зголемување на хуманитарната помош за Појасот Газа.
Блинкен вчера беше во Скопје во рамките на состанокот на ОБСЕ, каде што се сретна и со македонскиот премиер, Димитар Ковачевски, и министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
Блинкен се очекува денес да го посети и окупираниот Западен Брег, каде што, најверојатно, ќе се сретне со палестинскиот претседател Махмуд Абас, изјави палестински претставник.
„Гледајќи ги следните неколку дена, ќе бидеме фокусирани да направиме сѐ што можеме за да го продолжиме примирјето и да продолжиме да извлекуваме што е можно повеќе заложници, како и да обезбедиме поголема хуманитарна помош“, рече Блинкен на прес-конференција во средата во Брисел.
Највисокиот американски дипломат се очекува да разговара и за претстојната израелска офанзива на јужниот дел на Појасот Газа во Тел Авив, при што САД ќе побараат од Израел да посвети поголемо внимание на заштитата на палестинските цивили и ограничувањето на штетата на инфраструктурата, изјавија високи американски претставници за „Ројтерс“.
Блинкен исто така во Брисел рече дека ќе продолжи да разговара за повоената иднина на Газа со регионалните партнери на Вашингтон. САД рекоа дека не сакаат Газа да биде окупирана или под опсада и дека не сакаат Палестинците трајно да бидат раселени или да видат намалување на територијата на Газа.
Во средата, последниот ден од шестдневниот прекин на огнот, Хамас ослободи уште 16 заложници, а исто така беше потврдено дека Израел ослободи уште 30 Палестинци од своите затвори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израелската војска: Од понеделникот погодени повеќе од 250 цели на Хезболах во Либан
Израелската војска соопшти дека почнала нов бран воздушни напади врз инфраструктура на Хезболах во либанската престолнина Бејрут.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) најавија дека дополнителни детали за нападите ќе бидат објавени подоцна. Пред ударите биле издадени предупредувања за евакуација на две згради во Бејрут.
Според ИДФ, од понеделникот, кога Хезболах се вклучил во конфликтот, израелските сили погодиле повеќе од 250 цели во Либан, од кои околу 100 во последните 24 часа.
Меѓу целите, како што тврди израелската војска, биле оперативци на милитантни групи, ракетни лансери, складишта за оружје и командни центри на Хезболах.
Во јужен Либан, според израелските процени, околу 300.000 цивили ги напуштиле своите села по наредбите за евакуација издадени од ИДФ. Во текот на ноќта биле издадени и нови предупредувања за евакуација за повеќе од десет населени места.
Фото: Depositphotos
Регион
(Видео) Српска инфлуенсерка од Дубаи: Се слушаат удари, некои луѓе не сфаќаат што се случува
Српските инфлуенсерки Сара и Ања Дамњановиќ се наоѓаат во Дубаи, каде, како што велат, изминатите денови се слушаат експлозии по нападите во регионот.
Сара во видео објава раскажа дека тие биле евакуирани од стан и се преселиле во хотел на понизок кат поради безбедност, пренесе „Б92“.
View this post on Instagram
„Последниот силен удар го слушнав вчера наутро и ме разбуди. Кога бевме на 24. кат, зградата се тресеше и се слушаше силен звук“, изјави таа.
Додава дека ситуацијата е различна во зависност од делот на градот – додека некаде се активираат аларми и има евакуации, на други места луѓето седат во кафулиња и сè изгледа нормално.
Инфлуенсерката вели дека лично не паничи, но е загрижена поради големиот број информации и лажни видеа што се шират на социјалните мрежи.
Таа опиша и момент кога, трчајќи кон гаража, видела што се случува на небото и дека хотел на околу два километри од нив бил погоден. И покрај тензијата, вели дека градот функционира релативно нормално, иако понекогаш сообраќајот кратко се прекинува по нападите.
Фото: Depositphotos
Свет
Франција испрати борбени авиони „Рафал“ во своите бази на Емиратите
Франција распореди борбени авиони „Рафал“ во своите воени бази во Обединетите Арапски Емирати со задача да го обезбедуваат воздушниот простор над базите, изјави францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро.
Тој за телевизијата „БФМТВ“ изјави дека авионите спровеле операции за обезбедување на воздушниот простор, но не изнесе дополнителни детали за мисијата.
Распоредувањето доаѓа во време на ескалација на конфликтот на Блискиот Исток.

