Свет
Прва жртва на мистериозен вирус во Кина
Маж на 61-годишна возраст од кинескиот град Вухан починал од пневмонија, откако во градот се појавил вирус што допрва треба да се идентификува, а седум лица се наоѓаат во критична состојба, дознаваат кинеските медиумите од болнички извори.
Kај 41 лице досега е дијагностициран вирусот, а првите лабораториски тестови упатуваат за нов тип корона вирус, се наведува во соопштението објавено на интернет страницата на Министерствто за здравство на Вухан.
За непознатиот вирус се вели дека е причина за пневмонија, пренесува Ројтерс.
Двајца пациенти биле отпуштени од болница, а остантите биле во стабилна состојба.
За 739 лица кои биле во блиски контакти со пациентите утврдено е дека немаат вирус.
Првата жртва на вирусот, што се појави во декември, бил редовен купувач на рибниот пазар во градот и кај него и претходно биле дијагностицирани абдоминални тумори и хронична болест на црниот дроб.
Заради вирусот расте и загриженоста за патувањата што Кинезите треба да ги имаат околу кинеските новогодишни празници што почнуваат кон крајот на јануари, а кинеските власти очекуваат 440 милиони да патуваат со железница и уште 79 милиони со авион.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

