Свет
Прв состанок на Бајден и Трудо, двајцата лидери се договорија да свртат нов лист во односите
Американскиот претседател Џо Бајден и канадскиот премиер Џастин Трудо се договорија да свртат нов лист во односите меѓу двете земји и да ја надминат ерата на Трамп.
Двајцата лидери истакнаа дека САД и Канада се длабоко поврзани и најавија заедничка акција против глобалното влијание на Кина и климатските промени.
„САД немаат поблизок пријател од Канада и затоа, како претседател, најпрво ве поканив Вас и ја одржав првата билатерална средба со Вас“, му кажа Бајден на Трудо, пренесува „Ројтерс“.
Во заедничката изјава, двајцата лидери најавија заеднички напори за борба против пандемијата и климатските промени, со цел да се достигнат нулта емисии на штетни гасови до 2050 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Германските компании се повеќе се префрлаат на намалено работно време за да се справат со кризата
Германските компании вработуваат помалку нов персонал и се повеќе се префрлаат на намалено работно време за да се справат со кризата, се вели во извештајот што денеска го објави Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен за ноември.
Показателот кој ја мери подготвеноста на германските компании да вработуваат падна од 93,6 поени во октомври на 93,4 поени.
Особено тешка состојба владее во германското производство, каде поради падот на нарачките се намалува и потребата од работници, а слична состојба владее и во трговијата.
Свет
Четири лица загинаа, меѓу кои две деца, во бродска несреќа во близина на Самос
Четири лица, меѓу кои две деца, загинаа кога брод со мигранти удри во карпи и се насука на грчкиот остров Самос, соопштија официјални лица.
Спасени се 16 луѓе, додека бројот на патниците на бродот се уште не е познат, пренесе АП.
Грчката крајбрежна стража започна спасувачка операција, користејќи патролни чамци, чамци за спасување и тимови на брегот за потрага по можни исчезнати патници.
Свет
Полициски автомобил удри во лимузината на новозеландскиот премиер
Полициски автомобил удри во задниот дел на лимузината во која се наоѓаа премиерот на Нов Зеланд Кристофер Луксан и министерот за финансии Никола Вилис, но никој не е повреден, соопштија официјални лица.
Несреќата се случила вчера попладне на главниот пат кој води до аеродромот во Велингтон и седиштето на парламентот, пишува ABC News.
Полицијата започна истрага за несреќата.
Одделението за управување со службени возила соопшти дека е оштетен задниот дел од лимузината.
Луксан за новинарите изјави дека несреќата малку го изненадила, но дека е добро.