Контакт

Свет

Премиерот на Белорусија ја прими руската вакцина против коронавирус

Објавено пред

Премиерот на Белорусија, Роман Головченко, ја прими руската вакцина против коронавирусот и тој се чувствува одлично, изјави неговата портпаролка Александра Исаева.

Таа изјави дека Головченко ја примил вакцината во четвртокот, по разговорите со рускиот премиер и дека се чувствува одлично, пренесува ТАС.

Рускиот премиер, Михаил Мишустин, за време на состанокот со белорускиот претседател Александар Лукашенко изјавил дека Головченко одлучил да ја прими руската вакцина против коронавирус.

„Мило ми е што Роман Александрович Головченко одлучи да ја прими вакцината денес. Сигурен сум дека сè ќе биде во ред“, рекол тогаш Мишустин.

Рускиот претседател, Владимир Путин, и белорускиот претседател, Александар Лукашенко, претходно се согласија Белорусија да биде една од првите земји во која ќе биде дистрибуирана вакцината против коронавирус „Спутник V“, развиена од рускиот институт „Гамалеја“.

Покрај тоа, Белорусија ќе учествува во последната фаза на клинички испитувања на оваа вакцина, која на 11 август стана првата регистрирана вакцина од ваков вид во светот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Азербејџан собори ерменски дрон

Објавено пред

Азербејџан собори ерменско беспилотно летало (АВ), објави Министерството за одбрана на земјата рано утрово, пренесува „Анадолија“. Беспилотното летало било соборено во неделата вечерта додека вршело разузнавачка активност над азербејџанската територија, се вели во соопштението на Министерството.

Во соопштението не се дадени информации за тоа каде е соборен дронот иако објавите на социјалните мрежи тврдат дека тоа се случило во провинцијата Шамкир, во западен Азербејџан. Ова не е прв дрон уништен од азербејџанските сили откако ескалираа тензиите меѓу двете земји во јули.

Ерменската армија го прекрши примирјето на 12 јули и ги нападна азербејџанските позиции со артилериски оган, повлекувајќи се по претрпените загуби по одмаздата од азербејџанската армија. Ерменија во нападот уби 12 азербејџански војници, вклучително и високи офицери и рани четири војници.

И покрај меѓународните повици за воздржаност, ерменските трупи отворија оган врз цивилните населби во селата Агдам и Дондар Куску. Во нападите загина 76-годишен азербејџански државјанин, а Баку ја обвини Ерменија дека ги крие загубите.

Азербејџан ја обвини Ерменија за провокации, а Турција застана зад Баку и го предупреди Ереван дека нема да се двоуми да се спротивстави на секаков вид напад врз нејзиниот источен сосед.

Од 1991 година, ерменската војска незаконски го окупираше Нагорно-Карабах, меѓународно призната територија на Азербејџан.

Четири резолуции на Советот за безбедност на ОН и две одлуки на Генералното собрание на ОН, како и одлуки на многу меѓународни организации се однесуваат на овој факт и бараат повлекување на професионалните ерменски сили од Горно Карабах и седум други окупирани региони на Азербејџан.

Прикажи повеќе...

Свет

Четири лица загинаа во авионска несреќа во Тексас

Објавено пред

Одделот за јавна безбедност во Тексас наведува дека четири лица од Луизијана загинале кога нивниот едномоторен авион се урнал на пасиште во Тексас.

Авионот паднал при обид за принудно слетување.

Несреќата се случила во неделата наутро во близина на аеродромот во Хилтоп Лејкс, околу 190 километри северозападно од Хјустон, јави АП.

Одделот за јавна безбедност во Тексас објави дека загинале сите четири лица кои биле во авионот, објави весникот „Игл“.

Шерифот на округот Леон, Кевин Елис, за весникот изјави дека авионот се обидел да изврши принудно слетување и дека за време на несреќата бил во радиоконтакт со Федералната управа за авијација.

Авионот полетал од одморалиштето Хоршу Беј, западно од Остин, и според евиденцијата на летот, се упатил кон Начиточес, Луизијана.

Регистриран е во корпорацијата во Лафајет, Луизијана.

Националниот одбор за безбедност во сообраќајот ја испитува несреќата.

Прикажи повеќе...

Свет

Уапсена жена осомничена дека испратила рицин во Белата куќа

Објавено пред

Жена осомничена дека на американскиот претседател Диналд Трамп му испратила пакет во кој имало рицин, е уапсена од федералните власти во неделата, пренесува „Њујорк пост“.

Рицинот е високотоксично соединение извлечено од рицинусовото зрно и често оружје во терористичките заговори.

Осомничената била уапсена од агентите на американската Агенција за царина и гранична заштита на границата меѓу Њујорк и Канада и се очекува да се соочи со федерални обвиненија. Други детали за осомничената не беа веднаш достапни.

Во саботата беше објавено дека федералните власти минатата недела пресретнале плик упатен до Белата куќа во кој се наоѓала отровната материја. Пакетот, кој се чини дека бил испратен од Канада, беше откриен во владиниот објект што ја проверува поштата упатена до Белата куќа и до претседателот Доналд Трамп.

Весникот „Монтреал“ објави дека писмото поминало низ објект за сортирање во Монтреал.

„Направени се два теста за да се потврди присуството на рицин во пакетот,“ изјавија извори од полицијата за Си-ен-ен.

Во 2018 година, поранешен морнар беше уапсен во Јута за наводно испраќање коверти во кои имало необработен извор на рицин – семе од растението рицинус – до Трамп во Белата куќа и во Пентагон.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија30 минути

Драма во Струмица: Роднини насилно го однеле телото на починат пациент, заедно со болничкиот кревет

Роднини и пријатели на пациент кој починал во струмичката болница насилно го зеле телото сосе болничкиот кревет и преку оградата...

Економија2 часа

Наместо карго-аеродром во Штип, ќе се градат училишта, водовод и канализации, соопшти Бектеши

Министерството за економија лани направило измени на Законот за јавно приватно партнерство со кој се отвора можноста средствата предвидени во...

Македонија3 часа

Од Германија екстрадиран Јетон Љужа, обвинет за убиството на Саздо

Третообвинетиот Јетон Љужа во случајот за убиството на Никола Саздовски-Саздо денеска бил екстрадиран од Германија, соопшти МВР. „Денеска од Германија...

Европа4 часа

Две волонтерки претрпеле невролошки проблеми по примањето на оксфордската вакцина

Две лица се разболеле за време на испитувањето на вакцината против коронавирусот на компанијата „Астра Зенека“ во Велика Британија, откриваат...

Економија4 часа

Сојузот на стопански комори предложи 25 мерки за економски спас

Сојузот на стопански комори на Македонија минатата недела достави 25 мерки за економски спас, кои очекува Владата да ги усвои...

Македонија5 часа

Приведено лицето кое нападна лекар на токсикологија, Филипче го осуди инцидентот

Приведено е лицето кое вчера го нападна дежурниот лекар на Клиниката за токсикологија, бидејќи го препратил неговото малолетно дете на...

Свет6 часа

Гутереш: Ширете го мирот за да се борите со коронавирусот

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, во своето годишно обраќање во Генералното собрание на светската организација истакна дека повторно ќе...

Македонија6 часа

Денеска ќе се одлучува дали ќе има дневен престој во училиштата

Комисијата за заразни болести денеска на состанок ќе расправа за воведување целодневен престој во училиштата. Директорот на Здравствен дом Скопје,...

Свет19 часа

САД постигнаа нов рекорд со повеќе од еден милион тестови дневно

САД поставија нов рекорд со повеќе од милион тестови за коронавирус за еден ден, но експертите велат дека им требаат...

Македонија21 час

Четири лица починаа од коронавирус, потврдени се 178 нови случаи

Во последните 24 часа од коронавирус во Македонија починаа четири лица, а потврдени се 178 нови случаи од 1.368 тестови,...

Македонија23 часа

Родилка и нејзиното бебе починаа на Клиниката за гинекологија, внатрешна контрола го испитува случајот

Родилката која заедно со нејзиното бебе вчера попладне починаа на Клиниката за гинекологија не знаела во која недела е од...

Регион1 ден

(Видео) Пронајдена трета жртва по ураганот во Грција, маж загинал кога врз него паднал покрив

Ураганот Јанош, кој ја погоди Грција, ја однесе и третата жртва во Тесалија во централниот дел на земјата, објавија денеска...

Македонија1 ден

Холштајн: Во интерес на Бугарија е да не го блокира проширувањето на ЕУ во овој регион

Билатералните проблеми не треба да бидат дел од преговарачката рамка за проширување на ЕУ, изјави германската амбасадорка во земјава, Анке...

Македонија1 ден

Пендаровски до Вартоломеј: Нашите православни христијани да бидат еднакви со другите во светот

Претседателот Стево Пендаровски, по повод почетокот на Новата црковна година, упати писмо до Неговата Сесветост Вартоломеј, Архиепископ Цариградски – Нов...

Македонија1 ден

Комисијата одлучува за целодневна настава

Комисијата за заразни болести вчера и денеска ја разгледува можноста за воведување целодневна настава во основните училишта од 1 октомври....

Култура1 ден

Лауреатот на Златна камера 300, Камински со порака на „Браќа Манаки“: Едвај чекам да се видиме во Македонија

На синоќешниот настан за одбележување на 41. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, кој се одржа во...

Економија1 ден

СДСМ: Владата помага со 550 милиони евра, следува четвртиот пакет антикризни мерки

Владата им помага на граѓаните и стопанството со 550 милиони евра, следува четвртиот пакет антикризни мерки, велат од СДСМ преку...

Свет2 дена

Пакет со отров испратен до Доналд Трамп

Пакетот, кој содржи отровен рицин, е испратен до претседателот Доналд Трамп, пренесува „Си-ен-ен“.Двајца полицајци го пријавиле случајот. Извршени се два...

Свет2 дена

Борис Џонсон: Доаѓа вториот бран на епидемијата

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека вториот бран на епидемија на коронавирус пристигнува во Велика Британија. Говорејќи во центарот за...

Култура2 дена

„Браќа Манаки“ во Битола – годинава без црвен тепих, но традицијата продолжува

Претседателот Стево Пендаровски вечерва, во Пациото на НУ Завод и музеј Битола, присуствуваше и се обрати на 41. Издание на...

Досие