Свет
Претседателот на Ерменија не знаел за крајот на војната, дознал сè од медиумите
Ерменскиот претседател, Армен Саркисјан, објави дека почнал консултации со премиерот за ситуацијата по потпишувањето на примирјето во Нагорно-Карабах.
Сепак, додава тој, на негово жалење, никој не го прашал за мировниот договор, ниту се консултирал со него.
„Земајќи ја предвид загриженоста на повеќето луѓе поради новонастанатата ситуација, јас веднаш почнав политички консултации“, рече ерменскиот претседател, пренесе „Ројтерс“, повикувајќи се на „Арменпрес“.
Ерменскиот претседател рече дека ќе одвои 10 дена за консултации.
„Се надевам дека ќе формираме државно единство во рок од 10 дена за да бидам сигурен дека ја направив вистинската работа за земјата“, рече Саркисјан.
Ерменскиот претседател рече дека дознал за примирјето во Нагорно-Карабах од медиумите.
„Слушајќи ги медиумите, дознав дека постигнавме договор со претседателите на Русија и Азербејџан да ги прекинеме конфликтите во Нагорно-Карабах. Исто така, дознав од новинарите за условите за крајот на конфликтот“, рече тој.
Саркисјан вели дека жали што никој не се консултирал со него.
„Никој не разговараше со мене, на крајот на краиштата, јас сум претседател на Ерменија и не учествував во никакви преговори“, нагласи тој.
Крајот на конфликтот во Карабах е прашање од национално значење, додаде ерменскиот претседател.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

