Контакт

Свет

Претседателот на Казахстан побара помош од воениот сојуз предводен од Москва

Објавено пред

Претседателот на Казахстан, Касим Јомарт Токаев, денеска им се обрати за помош на шефовите на државите на Организацијата за колективна безбедност (ОДКБ), воена алијанса предводена од Русија.

„Сметам дека е соодветно да им се обратам на партнерите од ОДКБ“ – рече Токаев.

Тој посочува дека терористичките банди ја преземаат контролата над најважните инфраструктурни објекти во земјата.

Да потсетиме, членки на ОДКБ се Русија, Ерменија, Казахстан, Таџикистан и Узбекистан.

Претседателот на Казахстан, Касим Јомарт Токаев, денеска потпиша указ за воведување вонредна состојба во регионот Алмати. Со уредбата е воведен и полициски час од 23 до 07 часот.

Токаев нареди да се формира комисија за проучување на ситуацијата, а на 4 јануари објави дека е подготвена да го исполни главното барање на демонстрантите и да ги намали цените на бензинот.

Сепак, протестите се проширија и во другите градови. Вечерта на 4 јануари демонстрантите се судрија во Алма-Ата со полицијата која употреби гас и шок-бомби.

Свет

Украинскиот министер призна: Немаме информации дека Русија подготвува офанзива

Објавено пред

Вооружените сили на Русија досега не формирале ниту една ударна група, што би укажало дека се подготвува напад на Украина, изјави министерот за одбрана на Украина, Алексеј Резников.

Како што наведе, податоците со кои располага украинската разузнавачка служба, службите на земјите партнери на Киев, покажуваат дека состојбата е иста како и во пролетта минатата година.

– Значи, како што сега стојат работите, не е формирана ударна група на руските вооружени сили, што би укажало дека тие утре ќе тргнат во офанзива – изјави Резников.

Тој нагласи дека има ризични сценарија и дека тие се можни во иднина.

– Но, денес таква демонстрација, таква закана не постои – нагласи Резников.

Министерот нагласи дека не го „ценел многу“ сценариото за можна руска офанзива на 20 февруари, за кое разговарал командантот на операцијата на здружените сили на Украина, Александар Пављук.

– Нашите вооружени сили, нашата команда, Генералштабот ги разработија сите сценарија на најлошите опции за да знаат што да прават во случај на офанзива – објасни Резник.

Прикажи повеќе...

Регион

Снегот ја блокираше Грција – бројни области без струја, возачи заробени на патиштата

Објавено пред

Снежната покривка синоќа ја зафати цела грчка престолнина, при што беше нарушен авиосообраќајот и заробени десетици возачи на автопатот.

Најдраматична е ситуацијата на автопатот Атика Одос, обиколница околу Атина која го поврзува главниот град со аеродромот, каде во моментов се уште се заробени стотици возила, пренесува грчкиот портал Катимерини.

Спасувачките тимови цела ноќ се бореа за да ослободат стотици возачи во време кога бура наречена „Елпида“ ја погоди Грција и ја покри Атина со дебел слој снег, јавува Ројтерс.

Во акцијата за спасување учествуваат копнени спасувачки единици со тешка механизација и амбулантни возила.
Грчкиот министер за климатски кризи и цивилна заштита Христос Стилијанидес ја обвини компанијата задолжена за патот за ваквата состојба на обиколницата, наведувајќи дека нејзините лидери на неколку состаноци со владините претставници увериле дека ќе имаат доволно опрема за да го одржат патот отворен за сообраќај.

Грчките медиуми прикажаа снимки од војници како делат храна, вода и ќебиња со некои од возачите додека температурата паѓала во текот на ноќта.

Обилните снежни врнежи се ретки во Атина, но градот втора година по ред го погодува снежно невреме.

Петнаесет патници се повредени кога шинско возило се обидело да повлече воз со околу 200 патници, кој застанал во обилниот снег во централна Грција.

Двајца од повредените се во тешка состојба, соопшти полициски претставник.

Железничкиот и автобускиот сообраќај во Атина е суспендиран, а капацитетите за вакцинација против Ковид-19 во поширокиот регион на Атина и на блискиот остров Евија се затворени, соопштија здравствените власти.

Владините служби, училиштата, продавниците и банките кои не се потребни во двете области и на многу грчки острови, вклучително и Крит, исто така ќе бидат затворени денеска бидејќи студеното време се очекува да трае до утре.

Грчката авиокомпанија AegeanAirlines вчера ги откажа речиси сите летови освен пет, и најави дека распоредот најверојатно ќе биде нарушен денеска и утре.

Во регионот на Атика, некои области во моментов се без електрична енергија поради штетите предизвикани од континуираните снежни врнежи.

Министерот за климатски кризи и цивилна заштита Христос Стилијанидес синоќа изјави дека сите јавни услуги се суспендирани, освен општинските и регионалните власти, вооружените сили и безбедносните сили, јавното здравство и другите служби чија работа е неопходна за справување со вонредните временски услови.

Јавниот превоз ќе работи каде што е можно, особено возовите, метрото во Атина и трамваите.

Сите градинки и училишта денеска ќе бидат затворени, а нема да се одржува ниту онлајн настава, бидејќи нема да има неопходен административен персонал за нивно водење.

Министерот изјави и дека од попладнево ќе има помалку снег, но дека мразот ќе се задржи.

Прикажи повеќе...

Свет

Инцидент на Филипините – повредени седум припадници на американската морнарица

Објавено пред

Седум припадници на американската морнарица се повредени кога американски воен авион Ф-35Ц се урна за време на рутински операции.

Пилотот бил принуден да се катапултира, соопшти Пентагон.

„Пилотот безбедно се отфрли од авионот и беше извлечен со американски воен хеликоптер. Тој е во стабилна состојба, но вкупно седум морнари се повредени“, се вели во соопштението, додавајќи дека тројца членови на морнарицата морале да бидат евакуирани во медицинска установа во Манила, а останатите четворица биле згрижени во авионот и пуштени по укажаната помош, пренесува Ројтерс.

Морнарицата соопшти дека започнала истрага за причините за падот на авионот Ф-35 произведен од Локхид Мартин.

Американското Министерство за одбрана претходно објави дека две ударни групи на носачи на авиони на американската морнарица, предводени од американските бродови Карл Винсон и американските бродови Абрахам Линколн, започнале со операции во Јужното Кинеско Море во неделата, пренесува Ројтерс.

Во соопштението се наведува дека ќе се изведуваат вежби кои опфаќаат операции против подморници, воздушни напади и противвоздушна одбрана, со цел зајакнување на борбената готовност.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Препорака за кратење на периодот на изолација од 10 на 7 дена

Главниот координативен кризен штаб синоќа ја одржа својата втора седница, на која министерот за здравство Беким Сали ја презентираше актуелната...

Свет14 минути

Украинскиот министер призна: Немаме информации дека Русија подготвува офанзива

Вооружените сили на Русија досега не формирале ниту една ударна група, што би укажало дека се подготвува напад на Украина,...

Свет11 час

Контингент од 8.500 војници во САД е во состојба на готовност поради ситуацијата во Украина

Американската војска денеска соопшти дека контингент од 8.500 војници е во целосна готвоност и е подготвен да биде распореден во...

Свет12 часа

СЗО: Условите се идеални за појава на нови варијанти на вирусот

Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Гебрејсус, денеска изјави дека би било опасно да се мисли дека екстремно заразниот...

Македонија16 часа

Вкупно 22 починати и 718 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 3.044 теста, а регистрирани се 718 нови случаи на...

Македонија16 часа

(Видео) Премиерот Ковачевски во Софија пречекан со највисоки почести

Со највисоки државнички почести и церемонија што се одржа попладнево на плоштадот Александар Невски во Софија, бугарскиот премиер Кирил Петков...

Европа16 часа

Кличко: Политиката на Германија кон Украина е предавство на пријател во тешка ситуација

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, поранешен светски шампион во бокс, ја обвини германската влада за предавство на пријател затоа што...

Македонија20 часа

Османи за БТВ: Резултати се очекуваат и од Македонија и од Бугарија

Резултати се очекуваат и од Северна Македонија и од Бугарија, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи во ексклузивно интервју...

Економија20 часа

Повторно поскапување – од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените...

Македонија20 часа

Мицевски: Поднесовме предлог за укинување на техничката Влада

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ до Собранието денес поднесе предлог на Законот за изменување и...

Македонија21 час

Работна група од македонски и бугарски експерти ќе работи на железничкото поврзување

Владата го прифати усогласениот текст на Меморандумот за разбирање за развој на железничко поврзување меѓу Република Северна Македонија и Република...

Свет21 час

Бродови и авиони во базите на НАТО – алијансата испраќа дополнителни сили во Источна Европа

Сојузниците на НАТО денеска ја ставија својата армија на подготвеност и ќе испратат дополнителни бродови и борбени авиони во нивните...

Македонија22 часа

Зимското одржување на патиштата оваа сезона ќе чини осум милиони евра

Државните институции склучиле договори за јавни набавки со приватни фирми за механизација, работници, сол и ризла за одржување на улиците...

Свет22 часа

Тедрос: Светот е во клучна пресвртница, земјите мора да работат заедно

Во екот на уривањето на рекордите на новозаразени луѓе во светот, СЗО ги повика сите земји да работат заедно за...

Македонија22 часа

(Видео) Јанакиески спроведен на судење со полициско возило

На патерици, легнат во полициско возило, Миле Јанакиески е земен од дома со судска наредба и спроведен на судење. Денеска...

Свет23 часа

По САД и Британија повлекува дел од персоналот во амбасадата во Киев

Велика Британија почна да го повлекува персоналот од амбасадата во Украина поради предупредувањата за руската инвазија. Според извештајот, официјалните лица...

Свет24 часа

Kазнети 3.600 долари зашто на една минута го напуштиле карантинот

Тајванските здравствени власти казнија индонезиски рибари со 3.610 долари затоа што ги напуштиле хотелските соби за време на карантин за...

Свет1 ден

СЗО најавува крај на пандемијата во Европа

Сојот омикрон на коронавирус, кој би можел да зарази 60 отсто од Европејците до март, започна нова фаза на пандемијата...

Македонија1 ден

Локализиран пожарот во „Жито Битола“

Локализиран е пожарот што избувна околу 17 часот во „Жито Битола“. Пожарникарите остануваат на терен, до целосно гасење на огнот....

Македонија2 дена

Нови 1.424 случаи на коронавирус, починаа 20 лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 5.604 тестови, а регистрирани се 1.424...

Досие