Свет
Претседателот на Чиле најави промени во владата поради масовните протести

Чилеанскиот претседател Себастијан Пињера денеска побара реконструкција на владата во обид да ги смири демонстрантите, кои веќе една недела протестираат против нееднаквоста во оваа јужноамериканска земја.
„Ги предупредив сите мои министри да го реконструираат новиот кабинет и да се соочат со овие нови барања“, им рече Пињера на новинарите, а пренесе агенцијата „Ројтерс“.
Тој ова го соопшти по масовниот, но мирен протест, за време на кој синоќа еден милион Чилеанци излегоа на улиците на главниот град Сантијаго барајќи реформи на економскиот модел на земјата.
Протестите започнаа кон средината на месецов поради порастот на цената на билетите за метрото во главниот град. Станува збор за најразвиената метро мрежа во Јужна Америка, која превезува околу три милиони патници дневно.
Од почетокот на протестите загинаа 16 луѓе, а стотици се повредени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Уапсен словенечки државјанин, превезувал 33 мигранти од Пакистан

Дваесет и две годишен словенечки државјанин е уапсен откако бил фатен во комбе со кое превезувал 33 пакистански мигранти, соопшти денеска полициската управа на Љубљана.
Полицијата запре комбе на автопатот А1 во близина на Врника, југозападно од Љубљана, додека возеше во правец на Копер.
При претрес на возилото биле откриени 33 пакистански државјани, а мигрантите илегално ја минале границата.
Возачот, кој доаѓал од подрачјето на Крањ, бил уапсен, додека постапките со мигрантите се уште траат, објави полицијата.
Европа
ЕУ: Ковид-пасошите ќе важат за сите вакцини, а и за граѓаните од трети земји

Дигиталните т.н. „зелени сертификати“, кои треба да станат оперативни во ЕУ до почетокот на летото, ќе бидат издавани за сите вакцини против Ковид-19, а граѓаните на трети земји исто така ќе можат да ги имаат, беше објавено денеска во Брисел.
Европскиот комесар за правда, Дидие Рејндерс, на дебата пред Комитетот за слободи и правда на Европскиот парламент, рече дека главната цел на дигиталните зелени сертификати е да го олеснат слободното движење во ЕУ и да им помогнат на граѓаните да го вратат своето право на слободно патување, на начин прилагоден на здравствената состојба.
Хрватска и 12 други членки на Европската Унија веќе постигнаа договор за критериумите за издавање на т.н. ковид-пасоши, односно зелени пасоши, кои би го олесниле протокот на туристи за време на пандемијата, беше објавено вчера.
Зелениот пасош ќе обезбедува информации преку QR-код за тоа дали неговиот носител е вакциниран, тестиран или прележал коронавирус.
Европа
Тринаесет членки на ЕУ ги договорија критериумите за ковид-пасоши

Хрватска и 12 членки на Европската Унија постигнаа договор за критериумите за издавање на т.н. ковид-пасоши, односно зелени пасоши, кои би го олесниле протокот на туристи за време на пандемијата, беше објавено денес во Виена.
„Нашата цел е да го примениме зелениот пасош бргу и, доколку е можно, во единствена форма на ниво на ЕУ“, рече австриската министерка за туризам, Елизабет Кестингер, во изјава за австриската агенција АПА.
Таа рече дека тоа е прашање на опстанок за европскиот туризам.
Хрватска, Австрија, Кипар, Данска, Франција, Германија, Грција, Италија, Малта, Португалија, Словенија и Шпанија се договорија кон крајот на март за седум критериуми за издавање зелен пасош, кој треба да почне да се применува најдоцна до почетокот на јуни.
Зелениот пасош веднаш обезбедува информации преку QR-кодот за тоа дали патникот е вакциниран, тестиран или прележал коронавирус. Ова овозможува лесна и практична примена во подрачјето на ЕУ “, рече австриската министерка.
Чувствителните здравствени податоци на сопствениците на ковид-пасош ќе останат во земјата на потекло и нема да се чуваат на ниво на ЕУ. Понатамошна цел е усогласување на примената на ковид-пасошите со трети земји.
Списокот со критериуми беше, како што беше речено, доставен на контрола до Европската комисија, која треба да донесе одлука за спроведувањето во наредните денови.
- Свет2 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион1 месец
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш