Свет
Претседателот на Јужна Кореја бара масовно тестирање на населението против коронавирус
Претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае-ин, предложи да се направат што повеќе тестови поради зголеменото ширење на коронавирусот во земјата.
Центарот за контрола и превенција на болестите (КЦДА) објави дека се евидентирани 615 нови случаи на коронавирус, со што бројот се зголеми на 8.311 заболени овој месец, најмногу досега, објави „Ројтерс“.
Мун ѝ нареди на владата да ги мобилизира сите расположливи ресурси за следење на инфекциите и проширување на тестирањата за што ќе се користат воени и јавни служби.
Мун рече дека местата за тестирање треба да работат подолго за да им се овозможи на вработените да бидат тестирани во време што им одговара и дека треба да се изградат мобилни објекти за тестирање.
Во претходните неколку дена процентот на заразени во однос на бројот на испитани беше 4,2 проценти во споредба со просекот од 1,2 процент, кој беше цела година, според КЦДА.
Во неделата властите најавија дека ќе воведат поголемо социјално дистанцирање отколку што беше случај досега во Сеул и околните области, барем до крајот на годината.
Јужна Кореја е една од ретките земји што избегна блокада за време на претходните два брана бидејќи имаше добро организиран систем за следење, тестирање и карантин на луѓе што биле во контакт со заразените.
Сепак, за време на третиот бран, владата се соочува со сè поголеми критики бидејќи бројот на заболени продолжува да расте и покрај задолжителното носење маски, полициски час и ограничувачки мерки во јавниот превоз.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов, тврдат Израелците
Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов и неговото тело е пронајдено, изјави за Ројтерс висок израелски функционер.
We obtained the first known satellite image of Ayatollah Ali Khamenei's compound in Tehran. There are several destroyed buildings. While the current whereabouts of Iran's supreme leader are unknown, the compound is generally used as his official residence. 🛰️📸: @Airbus pic.twitter.com/48krjclMBL
— Christiaan Triebert (@trbrtc) February 28, 2026
Високи израелски функционери изјавија за неколку медиуми дека ајатолахот е мртов, но нема официјална потврда од Иран. Израелските медиуми објавија дека неговото тело е пронајдено во урнатините на палата.
Footage circulating online appeared to show smoke rising in central Tehran after a reported strike near Iran’s Supreme Leader’s office complex. pic.twitter.com/f3ac9a0jOf
— Iran International English (@IranIntl_En) February 28, 2026
Израелскиот Канал 12, исто така, објави дека на премиерот Бенјамин Нетанјаху наводно му била презентирана документација за телото на Хамнеи. И покрај овие тврдења што доаѓаат од Израел, нема официјална реакција или потврда од Техеран за судбината на врховниот лидер.
Iran’s Supreme Leader Ali Khamenei is dead and his body has been found, a senior Israeli official tells Reuters. pic.twitter.com/05Q9Epmm04
— Al Arabiya English (@AlArabiya_Eng) February 28, 2026
Свет
Русија и Катар повикуваат на прекин на војната
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, телефонски разговараше за американските и израелските напади врз Иран со катарскиот премиер и министер за надворешни работи, шеикот Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани, соопшти руското МНР.
Лавров и шеикот Мохамед повикаа на прекин на какви било воени дејствија што би можеле да го дестабилизираат регионот, се вели во соопштението.
„Постои општ консензус за потребата од итно враќање на политичкиот и дипломатскиот процес со цел решавање на сите прашања меѓу Соединетите Држави, Израел и Исламската Република Иран врз основа на принципите на Повелбата на ОН и Договорот за неширење на нуклеарно оружје“, соопшти руското Министерство за надворешни работи.
Свет
(Видео) Погоден е аеродромот во Кувајт, гори хотел во Дубаи
САД и Израел го нападнаа Иран утрово. Најмалку три експлозии се слушнаа во Техеран, главниот град на Иран, а беа погодени и голем број други ирански градови.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, тврди дека нападот ќе ја прекине безбедносната закана за САД и ќе им понуди на Иранците можност да ги соборат своите владетели. Израелската влада прогласи вонредна состојба поради очекуваната иранска одмазда со беспилотни летала и балистички ракети.
Иран одговори со испукување ракети кон Израел, соопшти израелската војска. Иран, исто така, изврши напади врз американски воени објекти во Бахреин, Обединетите Арапски Емирати, Катар…
Се очекува говор на ајатолахот Али Хамнеи, објави Би-Би-Си, наведувајќи дека неговиот говор наскоро ќе биде емитуван. Не е јасно дали тоа ќе биде снимена порака или иранскиот врховен лидер ќе зборува во живо. Неговото моментално место на живеење е непознато. Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, тврди дека, доколку тој знае, ајатолахот е жив, а Ројтерс претходно објави дека е префрлен од Техеран на „безбедна локација“.
Израелската војска во саботата попладне објави дека изведува нови напади врз ирански ракетни лансери, како дел од заедничкиот напад со САД врз Иран, додека Техеран, исто така, објави дека изведува нов бран напади врз американски цели во регионот.
Израелските воздухопловни сили „започнаа со прелети и моментално напаѓаат ракетни лансери во Иран за да спречат закана за Државата Израел“, се вели во краткото воено соопштение.
Пожар избувна пред луксузниот хотел „Фермонт Палм“ во Дубаи. Пожарот наводно бил предизвикан од остатоци што паднале од небото за време на ирански ракетен напад, а автентичноста на снимката ја потврди „Скај њуз“.
Fairmont Dubai Palm on fire. Heard loud explosion, stay safe pic.twitter.com/HLo8oS6dSc
— Alex | The Modern Freelancer (@alex_tfmg) February 28, 2026

