Свет
Претставник на СЗО ја критикува мерката карантин: „Последицата е ужасна глобална катастрофа“
Специјалниот пратеник на Светската здравствена организација (СЗО) за Ковид-19, доктор Давид Набаро, пред неколку денови испрати прилично изненадувачко предупредување во врска со повторното воведување на општ карантин, попознат под англискиот термин „локдаун“.
Во интервју за конзервативниот британски весник Spectator, Набаро вели: „Ние (од СЗО) не се залагаме за употреба на локдаун како примарен метод за контрола на вирусот. Единствениот случај кога веруваме дека општиот карантин е оправдано решение е кога треба да купите време за да се реорганизирате, да ги прегрупирате ресурсите, заштитувајќи ги вашите истоштени здравствени работници. Но, генерално, ние претпочитаме да не се прави тоа“.
Those of us who have been saying that lockdowns have disastrous economic and health effects have been called selfish conspiracy nuts by public health officials and the mainstream media.
What will they say now that even the WHO agrees?#COVID19https://t.co/yY1cHjechb
— Maxime Bernier (@MaximeBernier) October 11, 2020
Набаро го упати својот апел како одговор на прашањето на новинарот Ендрју Нил за таканаречената Декларација од Барингтон, во која се потпишани голем број научници, предводени од епидемиологот и експерт за имунологија од Универзитетот во Оксфорд, Сунетра Гупта, епидемиологот и биостатистичар од Универзитетот Харвард, Мартин Кулдорф и епидемиологот и експерт за јавно здравје од Универзитетот Стенфорд, Џej Батачарja.
Во нивната декларација тие побараа локдаун да не се воведува поради неговите штетни влијанија врз економијата и општото јавно здравје и, наместо општите мерки за борба против пандемијата, властите да се фокусираат на најранливите групи, односно на старите лица и хронично болните. Овие групи, според научниците, се 1.000 пати поподложни на коронавирус отколку децата, а идејата е дека доколку на нив им се посвети повеќе внимание, со мерки за изолација, здравите луѓе ќе може да продолжат да живеат како пред пандемијата.
Според нив, ова би овозможило што побрзо достигнување на таканаречениот имунитет на стадо, односно процентот на оние кои преживеале Ковид-19 и стекнале имунитет, ќе го стабилизира и минимизира понатамошното ширење на инфекцијата.
„Само погледнете што се случи со туристичката индустрија, на пример на Карибите или Пацификот, затоа што луѓето не заминаа на годишен одмор. Погледнете што им се случи на малите земјоделци ширум светот затоа што нивните пазари се намалија. Погледнете што се случи со нивото на сиромаштија – се чини дека светското ниво на сиромаштија може да се зголеми двојно. Исто така нивото на неухранетост кај децата може да се зголеми двојно, затоа што децата не добиваат оброци во училиштата бидејќи нивните родители од сиромашни семејства не се во можност да си ги дозволат тоа. Ова е страшна, ужасна глобална катастрофа“, коментира Набаро.
„И затоа навистина апелираме до сите светски лидери: Престанете да користите локдаун како ваш примарен метод на контрола (на епидемијата). Развијте подобри системи за контрола. Соработувајте едни со други и учете едни од други, но запомнете, општиот карантин има една последица што никогаш не се намалува, а тоа е да се направат сиромашните многу посиромашни“, заклучува претставникот на СЗО за Ковид-19.
Сепак, во однос на предлозите за имунитет на стадо реагираше и шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Гебрејесус, кој рече дека ваквите идеи се неетички.
„Имунитетот на стадо се добива преку заштита на луѓето од вирус, не преку нивно изложување на него. Никогаш во историјата на јавното здравство имунитетот на стадо не бил користен како стратегија на одговор за зараза, а камо ли на пандемија“, смета челникот на СЗО, кој нагласи дека да се дозволи Ковид-19 да циркулира неконтролирано, би значело непоребни инфекции, страдање и смрт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Американскиот претставник во НАТО: Можен договор за Украина во следните 90 дена
Постојаниот претставник на САД во НАТО, Метју Витакер, во интервју за „Фокс њуз“ изјави дека е можен договор во Украина во следните 90 дена.
„Ако биде завршено, тоа ќе биде во следните 90 дена“, рече Витакер.
Тој додаде дека е очигледно дека оваа зима може да биде навистина тешка за Украинците поради нападите врз енергетската инфраструктура.
Витакер додаде дека Вашингтон планира да продолжи да врши притисок врз двете страни за решавање на спорот. Ако некој може да го стори тоа, нагласи постојаниот претставник на САД, тоа е американскиот претседател Доналд Трамп.
Учесниците во мировниот процес во Украина работат на четири финални документи, објави Витакер.
Според дипломатот, на преговарачката маса моментално е нацрт-мировен план од 20 точки, како и документи за мултилатерални безбедносни гаранции и специјални гаранции од САД.
Четвртиот документ е посветен на план за повоено економско закрепнување и развој.
„Сите овие документи се дискутираат во реално време. Мислам дека сега имаме прилично добро разбирање за тоа што сака Украина“, додаде Витакер.
На 20 декември, делегации од Украина, САД и европски земји се состанаа во Мајами. По разговорите, специјалниот претставник на американскиот претседател, Стивен Виткоф, и секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Рустем Умеров, објавија идентични изјави на социјалните мрежи. Тие рекоа дека за време на нивните состаноци страните разговарале за мировниот план од 20 точки и безбедносните гаранции на Вашингтон за Киев.
Покрај тоа, учесниците на состанокот одвоија време да разговараат за развојот на планот „економија и просперитет“.
Според Володимир Зеленски, украинската и американската делегација подготвиле нацрт-документи за рамка за завршување на конфликтот со Русија за време на нивните разговори во Мајами.
Фото: unsplash
Свет
Католиците ширум светот денес го слават Божиќ
Католиците, протестантите и другите верници кои се придржуваат до грегоријанскиот календар, денес ширум светот го одбележуваат еден од најрадосните празници – Божиќ, со кој се слави раѓањето на Исус Христос.
Празникот традиционално се прославува во кругот на семејството, со молитва, богослужби и обичаи што се разликуваат од земја до земја, но носат заедничка порака на мир, надеж и заедништво.
Како што налагаат обичаите, предвидено е овој ден да се помине со членовите на семејството и во заедничка молитва. Рано наутро верниците одат на миса, по што следува заеднички ручек.
Според Библијата, Исус го родила Девицата Марија, која зачнала безгрешно, а при породувањето ѝ помогнал нејзиниот сопруг Јосиф. Исус се родил во штала во градот Витлеем пред повеќе од 2.000 години, опкружен со домашни животни, поради што верниците за Божиќ под елката поставуваати фигури на овци.
Домовите на верниците се посебно украсени за Божиќ и во повеќето од нив има елка под која се оставаат подароци за најмладите членови на семејството.
Свет
Трката по суперинтелигенција: Технологија што го менува светот или опасна илузија
Колумнистот на Гардијан, Рафаел Бер, пишува дека ако вештачката интелигенција не им го променила животот на луѓето во 2025 година, тоа сигурно ќе се случи во 2026. Тој оценува дека еуфоријата околу вештачката интелигенција е надувана со финансии од Силициумската долина, со сериозни економски и геополитички последици.
Бер наведува дека ОпенАИ, компанијата зад „Чат ГПТ“, за неколку години стана еден од клучните играчи во глобалната економија, со огромни инвестиции од технолошките гиганти. Извршниот директор Сем Алтман и самиот признава дека делови од индустријата се во меур, додека Џеф Безос вештачката интелигенција ја нарекува „добар вид меур“.
Авторот предупредува дека трката за општа вештачка интелигенција меѓу САД и Кина ги засилува геополитичките тензии и ја намалува подготвеноста за глобални правила и контроли. Во отсуство на меѓународно управување, светот, според него, е препуштен на интересите на технолошките корпорации и авторитарни системи.
Бер укажува и на ризиците од сегашните модели на вештачка интелигенција, како „халуцинации“, пристрасност и намалување на квалитетот на информациите, предупредувајќи дека „вистинскиот меур не се вреднувањата, туку егото на индустријата“. Заклучува дека се приближува момент кога ќе мора да се одговори на клучното прашање: дали вештачката интелигенција ќе му служи на човештвото – или обратно.

