Свет
Продолжува хаосот во Мјанмар, убиени најмалку 14 демонстранти
Безбедносните сили на Мјанмар убиле најмалку 14 демонстранти во областа на најголемиот град во земјата, Јангон, а некои локални медиуми објавија и за поголем број на мртви. Според некои неофицијални информации 18 лица се убиени во еден од најкрвавите денови од почетокот на протестите против диктатурата, а хунтата вовела вонредна состојба во дел од Јангон.
Некои портали објавија дека информациите дошле од спасувачи и болница во близина на индустрискиот кварт во градот.
Во исто време, државната телевизија МРТВ објави дека еден полицаец е убиен, а тројца се повредени за време на денешниот протест во градот Багo.
Во извештајот се наведува дека демонстрантите фрлале камења кон полицијата и дека се утврдува дали користеле оружје.
Досега, според армијата, само еден полицаец починал од повреди за време на протестите, додека повеќе од 80 демонстранти се убиени.
Во Мјанмар повеќе од еден месец се одржуваат демонстрации во знак на протест поради државниот удар со кој војската ја презеде власта на 1 февруари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Властите во Абу Даби наредија да се продолжи престојот на гостите, трошоците ги сноси државата
Министерството за култура и туризам им наложи на хотелите во Абу Даби да го продолжат престојот на гостите, бидејќи многу од оние што го завршуваат својот престој не се во можност да патуваат во сегашните околности.
Во писмото се наведува дека трошоците ќе бидат покриени од Министерството.
Фото: depositphotos
Свет
ЕУ гледа отворен пат кон поинаков Иран по смртта на врховниот лидер
Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика, Каја Калас, изјави дека смртта на иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи претставува момент на пресврт во историјата на Иран.
„Она што следува е неизвесно. Но сега постои отворен пат кон поинаков Иран, во кој неговите граѓани би можеле да имаат поголема слобода да го обликуваат“, напиша Калас на платформата Икс.
„Во контакт сум со партнерите, вклучително и со оние во регионот кои го носат најголемиот товар од иранските воени дејствија, со цел да пронајдеме конкретни чекори за деескалација“, додаде таа.
Фото: Depositphotos
Свет
Иранскиот претседател: Одмаздата е наше легитимно право по убиството на Хамнеи
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во ново соопштение порача дека одмаздата по убиството на врховниот лидер е легитимно право и должност на Иран.
„Исламската Република Иран ја смета одмаздата врз извршителите и наредбодавците на овој злостор како своја легитимна должност и право и ќе ја исполни таа голема одговорност со сета своја сила“, се наведува во соопштението.
Пезешкијан смртта на врховниот лидер ја опиша како најголемата неволја на денешниот исламски свет. Тој владеењето на Хамнеи го оцени како „големо и божествено водство“ кое, според него, му донело „чест и достоинство“ на иранскиот народ.

