Свет
Продолжува хаосот во Мјанмар, убиени најмалку 14 демонстранти

Безбедносните сили на Мјанмар убиле најмалку 14 демонстранти во областа на најголемиот град во земјата, Јангон, а некои локални медиуми објавија и за поголем број на мртви. Според некои неофицијални информации 18 лица се убиени во еден од најкрвавите денови од почетокот на протестите против диктатурата, а хунтата вовела вонредна состојба во дел од Јангон.
Некои портали објавија дека информациите дошле од спасувачи и болница во близина на индустрискиот кварт во градот.
Во исто време, државната телевизија МРТВ објави дека еден полицаец е убиен, а тројца се повредени за време на денешниот протест во градот Багo.
Во извештајот се наведува дека демонстрантите фрлале камења кон полицијата и дека се утврдува дали користеле оружје.
Досега, според армијата, само еден полицаец починал од повреди за време на протестите, додека повеќе од 80 демонстранти се убиени.
Во Мјанмар повеќе од еден месец се одржуваат демонстрации во знак на протест поради државниот удар со кој војската ја презеде власта на 1 февруари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Блинкен: Кина ја влоши пандемијата криејќи податоци

Неуспехот на Кина да им обезбеди пристап на глобалните здравствени работници ја направи пандемијата на коронавирусот полоша отколку што требаше да биде, изјави американскиот државен секретар Антони Блинкен.
Кина не им даде пристап на меѓународните експерти ниту размена на информации во реално време за да се обезбеди вистинска транспарентност, изјави Блинкен за Ен-би-си во неделата.
„Како резултат, вирусот излезе од контрола побрзо и, мислам, со многу посилни резултати отколку што инаку би можел“, рече Блинкен.
Тој додаде дека ваквите настани укажуваат на потреба од посилен глобален систем на здравствена заштита за да се осигура дека тоа нема да се повтори, објави „Ројтерс“.
Реформите мора да вклучуваат заложба за транспарентност, размена на информации и експертски пристап, и Кина мора да игра улога во тоа, додаде тој.
Блинкен рече дека е важно да се излезе со појасно објаснување за почетокот на пандемијата.
„Мораме да го сториме тоа прецизно за да разбереме целосно што се случило, за да имаме најдобар можен начин да спречиме да се повтори“, рече тој.
Острите зборови на првиот американски дипломат следеа по критиките од другите членови на администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден за недостаток на транспарентност во Пекинг во клучните рани денови на пандемијата.
Свет
Напад на нуклеарната централа Натанц во Иран, Техеран се закани со одмазда

Иранските власти го обвинија Израел за инцидент во подземната нуклеарна централа Нетанц и најавуваат одмазда, објави денеска иранската државна телевизија изјава на министерот за надворешни работи на Иран, Мохамед Џавад Зариф.
Вчерашниот инцидент во нуклеарната централа Нетанц, официјален Техеран го опиша како акт на „нуклеарен тероризам“ и објави дека го задржува правото да преземе соодветни мерки против насилниците.
„ Ционистите сакаат да ни се одмаздат за напредокот што го правиме во укинувањето на санкциите. Тие јавно изјавија дека нема да ни го дозволат тоа. Но, ќе им се одмаздиме на ционистите“, најави Зариф.
Овој пат, израелските власти не го забранија медиумското известување за овој случај, како што беше пракса во претходните, слични ситуации.
Напротив, израелските медиуми во голем број известуваа за инцидентот во Нетанц, а израелскиот јавен радио сервис направи невообичаен чекор понатаму и објави дека израелскиот Мосад „игра централна улога“, објави претходно лондонски „Гардијан“.
Свет
Премиерката на Нов Зеланд порача: Задолжителна вакцинација на вработените на граница

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн изјави дека луѓето кои работат на границите мора да бидат вакцинирани до крајот на овој месец или да ризикуваат да останат без работа, откако во нивните редови беше пријавен третиот случај на инфекција со коронавирус.
Нов Зеланд практично го елиминираше вирусот во рамките на своите граници и не е забележан никаков локален пренос повеќе од 40 дена. Сепак, еден работник на границата, кој двапати ја пропуштил вакцинацијата, имаше инфекција минатата недела. Оттогаш, регистрирани се уште два случаи на инфекција.
До крајот на април, луѓето кои не биле вакцинирани нема да можат да работат на места кои носат ризик од инфекција и ќе бидат префрлени на други позиции, рече Ардерн, додавајќи дека вакцинирани се 86 проценти од работниците на границата.
Нов Зеланд минатата недела го прекина влезот на патници од Индија, вклучително и нејзините граѓани, по зголемениот број на позитивни случаи од оваа земја.
- Свет2 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион1 месец
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш