Свет
Протестите против расизмот 38 отсто ги зголемиле нападите врз лондонската полиција
Нападите врз полициските службеници во Лондон се зголемиле речиси 40 отсто за време на режимот на ограничено движење поради коронавирусот во градот, а Скотланд Јард ги посочува насилните протести и уличните забави претворени во немири како главен двигател за порастот во бројот на напади, пренесува Би-би-си.
Од полицијата велат дека помеѓу мај и јули имало 2.027 напади врз полицајци во британската престолнина, што претставува скок од 38 отсто во однос на истиот период лани.
Полициските сили изјавија за Би-би-си дека големите протести, вклучително и оние што ги одржуваа „Блек лајвс медр“ и екстремно десничарските групи, придонеле за масовниот пораст на нападите врз британската полиција. Исто така, се верува дека удел во ова имаат и големиот број неодобрени музички настани што прераснаа во насилни конфронтации.
Бројките исто така откриваат дека од почетокот на годината до јули биле нападнати 6.668 полицајци, што е исто така пораст од 16 отсто во однос на претходната година.
Шефот на операцијата „Хемпшир“ – работна група на лондонската полиција, која се занимава со напади врз полициските службеници – главниот инспектор Дејв Брустер, рече:
„Јасно е дека нападите врз полицајците и персоналот се зголемуваат од година на година и влијанието што ова го има врз нашата професија не може и не треба да се потценува. Нападите никогаш не треба да се сметаат како дел од работата, а службениците треба да може да одат на работа без страв од злоупотреба или напад. Сепак, знаеме дека не е секогаш така. Влијанието може да има долгорочни ефекти врз поединецот, кои не може секогаш да бидат очигледни и не се секогаш физички“.
Во моментовт сторителите на обичен напад или физички напад со предизвикани повреди против британски полициски службеник – или други работници од првите редови, како што се пожарникарите и болничарите – се соочуваат со максимална казна од 12 месеци затвор. Владата размислува да ја удвои казната на две години во Англија и во Велс.
Софи Линден, заменик-градоначалник на Лондон за полициско работење и криминал, рече:
„Нашите полицајци работеа неуморно под зголемен притисок да ги одржуваат нашите заедници безбедни во овие тешки времиња. Насилството насочено кон нив, едноставно, е неприфатливо и нема да се толерира. Полициските службеници заслужуваат целосна почит и секој што напаѓа полицаец треба да ја почувствува целосната сила на законот“.
Во јуни лидерот на партијата Брегзит, Најџел Фараж, рече дека смета оти законот и редот ќе бидат дефинирачкиот проблем на деценијата. Фараж предупреди дека постои растечка расна поделеност затоа што луѓето нема да трпат да им диктира марксистичката организација наречена „Блек лајвс медр“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел: Способноста на Иран да лансира ракети ќе биде значително нарушена
Израел очекува способноста на Иран да испали балистички ракети да биде значително нарушена во следните 24 часа, изјавија двајца израелски функционери, како резултат на зголемените напади на САД и Израел. Според нив, се очекува фреквенцијата на иранските ракетни напади да се намали до вторник вечерта и да бидат испукани помалку ракети кон Израел, пренесуваат медиумите во регионот.
Во првите три дена од војната, САД и Израел погодија повеќе од 1.200 цели. Се очекува тој број да се удвои до вторник, по она што официјалните лица го опишаа како неуморно темпо на напади што започна во понеделник и се очекува да продолжи во текот на ноќта.
Еден од функционерите рече дека се очекува нападите на американските и израелските сили во понеделник вечерта да бидат насочени кон ракетни лансери, сили за внатрешна безбедност и цели на Револуционерната гарда. Американските и израелските функционери денес нагласуваат дека темпото и успехот на воздушната кампања досега ги надминале сите очекувања.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.

