Свет
Протест на „Трафалгар сквер“ во Лондон поради укинувањето на специјалниот статус на Кашмир
Стотици луѓе, вклучително и членови на Студиската акција во Кашмир и Здружението СОАС (Школата за ориентални и африкански студии) на Индија, се собраа на „Трафалгар сквер“ во Лондон во знак на протест против неодамнешната одлука на индиските власти да ги поделат Џаму и Кашмир на две територии, пренесува „Спутник“.
Овој потег уследи откако претходно овој месец индискиот претседател Рам Нет Ковинд потпиша указ со кој се отстранува член 370 од Уставот, со што ѝ се одзема спецоијалниот статус на државата Џаму и Кашмир.
Пакистан остро ја осуди одлуката на Индија, а премиерот на земјата Имран Кан ја спореди Индија со нацистичка Германија. Како реакција на одлуката на Њу у Делхи, Исламабад го протера индискиот амбасадор и ја прекина трговијата и желеничкиот сообраќај кон својот јужен сосед.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп го критикуваше Стармер: Односите со Британија не се како порано
Доналд Трамп го критикуваше британскиот премиер Кир Стармер за неговата улога во американските напади врз Иран, велејќи дека тој не бил од помош и дека односот меѓу двете земји очигледно не е каков што бил порано. Во разговор за британскиот весник „Сан“, Трамп изрази разочарување од ставот на Велика Британија, објавува „Сан“.
Трамп во телефонско интервју рече дека никогаш не помислил дека ќе го види ова, особено не од Велика Британија. Споредувајќи ги сојузниците, тој додаде дека Франција е одлична, како и другите, додека Велика Британија е многу поинаква.
Критиките на Трамп дојдоа откако владата на Стармер првично им го одби на Соединетите Држави користењето на британските бази за напад врз Иран, а потоа ги отвори за она што го нарече одбранбени напади. Стармер нагласи во Долниот дом во понеделник дека владата не верува во промена на режимот од воздух, осврнувајќи се на нападите.
Свет
Погодена американската амбасада во Ријад, нов израелски напад врз Либан
Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Ријад беше погодена од два дрона, а во дипломатскиот комплекс избувна пожар, но засега нема пријавени жртви, објави саудиското Министерство за одбрана.
Се наведува дека е предизвикана мала материјална штета.
Според Ројтерс, над Дипломатскиот кварт се гледал црн чад, додека сведоците пријавиле силна експлозија и пламен.
Саудиските власти и извори изјавија дека пожарот бил помал.
Зградата на амбасадата била празна во времето на нападот и немало пријави за жртви, објавија светските медиуми.
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави за „NewsNation“ дека одговорот на Вашингтон на нападот врз амбасадата „наскоро ќе биде познат“.
Амбасадата на САД претходно издаде предупредување до американските граѓани во Ријад, Џеда и Дахран да останат во засолништа и да ја избегнуваат амбасадата до понатамошно известување.
Иранската револуционерна гарда објави дека извршила напад со дронови и ракети врз американската воздухопловна база во регионот Шеик Иса во Бахреин.
Според извештаите објавени во иранската државна агенција ИРНА, биле лансирани 20 беспилотни летала и три ракети, тврдејќи дека главниот команден штаб на базата е уништен, без да се дадат докази.
Иран изјави дека нападите биле дел од одмазда за американските и израелските напади на негова територија.
Американскиот Стејт департмент, исто така, нареди евакуација на неитен персонал и семејства во Бахреин и Јордан.
Во соопштението на Стејт департментот објавено на интернет, се наведува дека одлуката е донесена „поради безбедносни ризици“.
Израел започна нови напади врз Бејрут
Либанските медиуми објавија дека најмалку два израелски воздушни напади биле извршени во јужниот бејрутски округ Дахије, кој се смета за упориште на Хезболах.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) не ги коментираа обвинувањата, објави „Тајмс оф Израел“.
Според извештаите на арапските медиуми, цел на нападот била радио станицата Ал-Нур, во сопственост на Хезболах.
Исто така, се наведува дека во текот на ноќта бил цел на телевизискиот канал Ал-Манар, исто така поврзан со Хезболах.
Во исто време, Израелските одбранбени сили издадоа нови наредби за евакуација на десетици локации во Либан.
Во објавата на портпаролот Авикај Адреи на Телеграм, беа споменати околу 50 места, со повик до жителите веднаш да ги напуштат своите домови за безбедност.
Специјално предупредување беше испратено до жителите на јужните бејрутски населби Гобеири и Харет Хреик, со порака дека се наоѓаат во близина на објектите и интересите на Хезболах, против кои наскоро ќе дејствува ИДФ, пренесува Танјуг.
Регион
Авион од Дубаи слета во Белград, евакуирани 200 српски државјани
Авион од Дубаи со 200 српски државјани слета денес во Белград, откако летовите меѓу Обединетите Арапски Емирати и Србија беа суспендирани поради тензиите на Блискиот Исток.
Првиот авион со 200 патници полета од аеродромот во Дубаи синоќа, објави Радио телевизија Србија (РТС).
Аеродромот во Дубаи објави дека првиот лет од Обединетите Арапски Емирати до Србија, по суспензијата на воздушниот сообраќај, полетал околу 23:30 часот по централноевропско време.
Авионот е Боинг 737 MAX 8, со капацитет од 162 до 200 патници, управуван од авиокомпанијата „Флајдубаи“.
Во меѓувреме, авиокомпанијата Емирати објави дека го продолжува сообраќајот со реализација на ограничен број летови.
„Приоритет им се дава на патниците со претходни резервации, а оние кои се прераспределени на овие ограничени летови ќе бидат контактирани директно од компанијата Емирати“, се вели во соопштението.
Компанијата ги повика патниците да не доаѓаат на аеродромот освен ако не бидат однапред известени, додавајќи дека сите други летови остануваат суспендирани до понатамошно известување.
Летовите беа откажани поради американско-израелската воена кампања започната во саботата против Иран, во која загинаа неколку високи ирански функционери, вклучувајќи го и врховниот лидер Али Хамнеи.
Како одговор, Техеран возврати со напади со беспилотни летала и ракети врз Израел, како и врз неколку земји во регионот каде што се наоѓаат американски воени објекти.

