Свет
Пукање во Амбасадата на Саудиска Арабија во Хаг
Утринава бил пријавен инцидент со пукање во зградата на саудиската амбасада во Хаг, но никој не е повреден, соопшти холандската полиција истакнувајќи дека почнала истрага, пренесува „Спутник“.
„Околу 6 часот изутринава добивме извештај за пукање во зграда на Конингинеграхт во Хаг. Никој не е повреден. Го истражуваме инцидентот“, објави на „Твитер“ хашката полиција.
Around 6 AM we received a report that multiple shots were fired at the building of the Saudi Arabia embassy on the #Koninginnegracht in #TheHague. No one was injured. We are currently conducting research. Witnesses who have information are requested to call 0900-8844.
— Politie Eenheid Den Haag (@POL_DenHaag) November 12, 2020
Според холандските медиуми, истрелите биле слушнати во саудиската амбасада.
Bij de ambassade van Saudie Arabië wordt flink onderzoek gedaan. Overal liggen kogels en hulzen #beschieting #amabssade #denhaag pic.twitter.com/JzUjVbJgby
— lieke jongbloed (@ljongbloed) November 12, 2020
Медиумите јавуваат дека полициските службеници пронашле неколку патрони пред зградата, а корисниците на социјалните мрежи објавија фотографии од дупки од куршуми на прозорците.
Aan de #Koninginnegracht in #DenHaag is vanochtend meerdere keren geschoten op de ambassade van Saoedi-Arabië. De politie is ter plaatse en heeft een Plaats Delict gemaakt. De politie doet verder onderzoek. pic.twitter.com/iF0Yydgyms
— Redactie District8.net (@RedactieD8) November 12, 2020
Мотивот за пукањето останува нејасен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Ирак: Соборен дрон кај меѓународниот аеродром во Багдад
Ирачките власти соопштија дека дрон бил соборен во близина на меѓународниот аеродром во Багдад, без жртви или материјална штета, јави Анадолу.
Во соопштение пренесено од Ирачката новинска агенција (ИНА) се наведува дека леталото било пресретнато на надворешниот периметар на аеродромот.
Генерал-потполковник Саад Маан изјавил дека станува збор за мало беспилотно летело и потврдил дека нема човечки или материјални загуби.
Овој развој на настаните доаѓа откако претходно во Ербил, на северот на Ирак, се слушнале експлозии по напад со дрон насочен кон американскиот конзулат и градскиот аеродром, каде биле активирани системите за противвоздушна одбрана. Дроновите биле пресретнати, но нема потврда за нивниот точен број.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА
Свет
Мерц: Трамп ме увери дека американската војска ќе остане во Германија
Американскиот претседател Доналд Трамп потврдил дека САД планираат да ја задржат својата воена присутност во Германија, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц по средбата со него во Белата куќа.
„Трамп уште еднаш ме увери дека САД имаат намера да ја задржат својата воена присутност во Германија“, изјави Мерц во Вашингтон, додавајќи дека тоа се добри вести.
Во последните месеци се шпекулираше дека, поради критичкиот став на Трамп кон Европа, би можело да дојде до повлекување на американските трупи од Германија.
Мерц рече дека со Трамп разговарале и за подобра организација на заедничкото одвраќање пред самитот на НАТО во Анкара во јули.
Тој додаде дека Трамп признал дека Германија презела водечка улога во зајакнувањето на европскиот столб на НАТО и дека САД го почитуваат германското вложување во војската.

