Свет
Пукање на забава во Мексико, меѓу загинатите и четиригодишно дете

Три лица загинаа, меѓу кои и едно четиригодишно дете, кога непозната група напаѓачи отвори оган на забава во Мексико Сити.
Повредени се пет деца и три жени.
Обвинителството на Мексико Сити соопшти дека се повредени две деца на возраст од две години, 11- месечно бебе и две момчиња – четири и 10 години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Фаучи: Сите вакцини одобрени во САД се безбедни

Водечкиот американски експерт за заразни болести Ентони Фаучи потврди дека вакцините против Ковид-19 одобрени во САД се безбедни.
Неговата изјава доаѓа откако регулаторите на САД ја запреа испораката на вакцини на компанијата „Џонсон и Џонсон“ поради извештаите дека тие можат да доведат до формирање на тромб.
Директорката на американските центри за контрола и превенција на болести, Рошел Валенски, ги повика Американците да ги искористат своите закажани термини за вакцинација со препаратот на „Модерна“, додека американската влада работи на обезбедување други одобрени вакцини за да се надомести паузата во испорачувањето на вакцините на „Џонсон и Џонсон“, пренесува „Ројтерс“.
„Веруваме дека со податоци и факти, ќе ја зајакнеме довербата на јавноста во владата и ќе ја зголемиме довербата на Американците во вакцините“, рече координаторот на Белата куќа Џеф Зинц на прес-конференција.
Федералните здравствени агенции на САД во вторникот препорачаа да се запре употребата на вакцината на „Џонсон и Џонсон“ против Ковид-19 барем неколку дена, откако шест жени на возраст под 50 години добија згрутчување на крвта по приемот на вакцината.
Свет
Германскиот министер за здравство: Итно да се воведат построги мерки

Германскиот министер за здравство Јенс Спан апелира до 16 сојузни германски држави брзо да воведат построги ограничувачки мерки со цел да се забави ширењето на коронавирусот.
Во последниот пресек на ситуацијата, Германија пријави скоро 30.000 нови случаи.
Спан рече дека не треба да се чека да биде усвоен националниот закон за мерки, пренесува „Ројтерс“.
„ Од минатата есен знаеме што се случува кога не реагираме брзо“, изјави Спан пред новинарите, додавајќи дека лекарите очекуваат дека до крајот на месецот ќе има 6.000 пациенти на одделите за интензивна нега.
Германската канцеларка во неколку наврати се обиде да ги убеди „непослушните“ водачи на провинциите и да воведе уште построги мерки, иако оние што се на сила во Германија се едни од најстрогите што воопшто се применуваат.
Сепак, таа не успеа во тоа, па беше критикувана. На крајот, таа мораше да каже пред пратениците и телевизиската публика дека се извинува за тоа инсистирање и дека предлогот е исклучиво нејзин.
Свет
Американската војска се повлекува од Авганистан до 11 септември

Претседателот на САД, Џозеф Бајден, изјави денеска дека американските војници целосно ќе се повлечат од Авганистан до 11 септември оваа година, со што ќе се стави крај на најдолгата војна во која учествуваше Америка.
„Не можеме да го продолжиме маѓепсаниот круг на проширување на нашето воено присуство во Авганистан во надеж дека ќе создадеме идеални услови за повлекување“, рече Бајден, пренесува „Си-ен-ен“.
Американскиот претседател најави дека повлекувањето ќе започне на 1 мај, во согласност со договорот што администрацијата на поранешниот претседател Доналд Трамп го склучила со талибанците.
Рокот за целосно повлекување до 11 септември е конечен, без можност за продолжување поради каква било промена на условите на теренот.
Претходно денес, Белата куќа објави делови од говорот на Бајден во кој тој рече дека нападите на 11 септември 2001 година не можат да објаснат зошто американската војска и натаму би била присутна во Авганистан 20 години подоцна.
Тој додаде дека САД веќе немаат причина да инвестираат ресурси во војната во таа земја, најдолгата во која учествуваа САД.
„Јас сум четвртиот американски претседател за време на чиј мандат американската војска сè уште е во Авганистан. Двајца републиканци. Двајца демократи. Јас нема да ја пренесам таа одговорност на петтиот“, наведува Бајден.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш