Свет
Путин: Во Русија наскоро ќе биде регистрирана уште една вакцина против коронавирус
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека наскоро ќе биде регистрирана втората руска вакцина против коронавирусот.
„Наскоро ќе биде регистрирана друга вакцина против коронавирусот“, рече Путин обраќајќи им се на сенаторите на Советот на Федерацијата.
Рускиот претседател додаде дека руските власти ги земаат предвид можните ризици во борбата против коронавирусот.
Според Путин, рускиот здравствен систем е подготвен ефикасно да се спротивстави на инфекцијата со коронавирус и на сезонскиот бран на настинки.
Претходно, министерот за индустрија и трговија на Русија, Денис Мантуров, изјави дека втората руска вакцина против Ковид-19 ќе ја произведува компанијата „Биокад“.
Во август Русија ја регистрираше првата вакцина во светот против коронавирусот, што ја разви центарот „Гамалеј“ заедно со рускиот фонд за директни инвестиции.
Во моментов е во тек последната фаза на тестирање на вакцината, во која учествуваат голем број волонтери.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

