Свет
Путин: Да се стави крај на насилството во израелско-палестинскиот конфликт
Рускиот претседател Владимир Путин повика денес да се стави крај на насилството од двете страни во израелско-палестинскиот конфликт и да се изнајдат начини за решавање на ситуацијата.
„Последниве денови сведоци сме на остра ескалација на Блискиот Исток, и сите сме свесни за тоа и со загриженост го следиме развојот на ситуацијата во тој регион“, рече Путин на церемонијата на приемот на акредитивните писма од странските амбасадори, пренесува руската агенција ТАСС.
Претседателот на Русија изјави дека избувнувањето на конфликтот меѓу Палестинците и Израелците веќе резултирало во голем број цивилни жртви, вклучително и деца.
Путин се осврна и на ситуацијата во светот, наведувајќи дека падот на структурата за контрола на оружјето, терористичките активности и кибербезбедносните проблеми, покрај пандемијата на коронавирус, ја комплицираат глобалната ситуација.
„За жал, глобалната состојба е сè уште нестабилна и продолжува да се влошува. Сфаќаме дека пандемијата на коронавирус не е единствената причина, иако таа веќе ни нанесе голема штета на сите нас, одземајќи милиони животи и поттикнувајќи длабоки промени во сите области на активност“, истакна Путин.
Според него, прашањето за падот на структурата за контрола на оружјето не е помалку алармантно, тероризмот повторно се буди, додека прашањето за меѓународната кибербезбедност е сè поприсутно“.
Путин исто така рече дека официјална Москва е подготвена да комуницира со сите земји и да гради заемно корисна соработка врз принципите на еднаквост и немешање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

