Свет
Путин за руската вакцина: Никому ништо не му наметнуваме
Рускиот претседател Владимир Путин му возврати на официјален претставник на ЕУ, кој рече дека нејзините членки апсолутно немаат потреба од вакцината „спутник В“.
Ваквиот коментар Путин го оцени како чуден сугерирајќи дека тоа е спротивно на интересите на граѓаните на ЕУ.
Комесарот на ЕУ за внатрешен пазар, Тиери Бретон, изјави дека на ЕУ не ѝ треба руската вакцина и дека имунитетот на целиот континент може да се постигне со употреба на вакцини произведени во Европа.
„Чии интереси бранат овие луѓе? Тоа е чудна изјава. Ние никому ништо не му наметнуваме“, рече Путин.
Ова го иницира прашањето: „Чии интереси ги бранат и застапуваат овие луѓе? Интересите на фармацевтските компании или интересите на граѓаните на европските земји?“
Европската агенција за лекови (ЕМА), чии претставници треба да ја посетат Русија следниот месец, почнаa со тестирање на „спутник B“ на почетокот на овој месец. Сепак, некои европски официјални лица се сомневаат во потребата од руската вакцина. Официјален претставник на ЕМА ги повика членките на ЕУ да се воздржат од одобрување на „спутник“ на национално ниво додека агенцијата не даде зелено светло.
Путин телефонски разговара и со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, за можната употреба на „спутник“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

