Контакт

Свет

Путин и Џјинпинг ќе разговараат за „агресивната реторика“ на НАТО и САД

Објавено пред

Портпаролот на Крем, Дмитриј Песков, денеска изјави дека теми на утрешниот видео разговор меѓу претседателите на Русија и Кина, Владимир Путин и Шји Џјинпинг, ќе бидат меѓународните прашања и енергијата.

dobivaj vesti na viber

„Ситуацијата на меѓународно ниво, особено на европскиот континент, е многу, многу напната и, се разбира, бара разгледување меѓу сојузниците – Москва и Пекинг. Гледаме многу, многу агресивна реторика и од НАТО и од Соединетите Американски Држави“,рече Песков, пренесе РИА Новости.

Путин и Џјипинг ќе разговараат утре преку видеоконференција. Како што претходно беше најавено од Кремљ, двајцата лидери ќе ги сумираат резултатите од заедничката работа на развојот на руско-кинеското стратешко партнерство оваа година и ќе разговараат за приоритетите за соработка во иднина.

Регион

Харадинај: Постои сомнеж дека Курти ќе го подели Косово за да го избегне ЗСО

Објавено пред

Претседателот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај изјави дека постои сомнеж, дека премиерот Албин Курти ќе го подели Косово за да го избегне создавањето на Заедницата на српските општини, пишува „Косово онлајн“, цитирајќи го „Дукаџини“.

dobivaj vesti na viber

Што се однесува до одвојувањето на северот, пак на Курти му порачувам дека северот не може да го делат политичарите, тоа е прашање на безбедност, никој не успеал да го раздвои, ниту криминалните банди“, рече Харадинај.

Тој додаде дека е можно „Курти да се заљубил во планот за поделба на Косово“.

Прикажи повеќе...

Регион

Детали за убиството во Панчево: Маж си ги убил жената и детето, па се обесил

Објавено пред

Полицијата во Панчево синоќа пронашла три безживотни тела во стан, а обвинителот наредил итна обдукција.

dobivaj vesti na viber

Српските медиуми пишуваат дека се работи за маж по потекло од Русија, а станот во кој живеело семејството од Русија бил пломбиран.

Според се уште непотврдени информации, маж (46) најверојатно со нож ја убил 50-годишната жена деветгодишното дете.

„Беа мирни. Не ги гледавме често. Слушнавме дека имаат рани од нож на вратот. Велат дека имало многу крв во станот“, вели еден од соседите.

Според „Телеграф.рс“, тие дошле од Русија минатата година. Имале важечка дозвола за престој. Од тоа семејство немало пријави за нарушување на јавниот ред и мир.

Истрагата ја води Вишото јавно обвинителство Панчево.

Прикажи повеќе...

Свет

Квебек бара меѓународна поддршка за борба против повеќе од 160 шумски пожари

Објавено пред

Квебек бара поддршка на меѓународно ниво додека се бори со повеќе од 160 шумски пожари за време на, како што велат федералните власти, една од најлошите сезони на пожари во Канада досега, пренесува „Ал Арабија“.

dobivaj vesti na viber

Со повеќе од 480 пожарникари на терен, Квебек може да се справи со околу 30 пожари, рече вчера премиерот на Квебек, Франсоа Лего, додавајќи дека вообичаено напомош доаѓаат пожарникарите од другите провинции, но сега и таму имаат полни раце работа.

Во петокот попладне низ Канада гореа 324 пожари, а од вчера тој број се зголеми на 413, а до доцна попладне, вкупниот број повторно се зголеми на 420.

„Ситуацијата останува сериозна“, рече министерот за подготвеност за вонредни состојби Бил Блер. „Сликите што ги видовме досега оваа сезона се едни од најтешките што сме ги виделе во Канада и тековната прогноза за следните неколку месеци укажува на поголем ризик од активни пожари од нормалното“.

Во Квебек се пријавени повеќе од 160 пожари, од кои најмалку 114 се надвор од контрола. Повеќе од 173.000 хектари изгореа годинава во Квебек во зоната на пожари под интензивна заштитна – областа каде што вообичаено има најмногу активни пожари – во споредба со 10-годишниот просек од 247 хектари, соопшти Агенцијата за превенција од шумски пожари во Квебек (СОПФЕУ).

Влажното време Нова Скотија на Атлантскиот брег ѝ овозможи на таа покраина да ги ослободи канадерите и да ги испрати во Квебек, каде што изминатиот викенд се разгореа шумски пожари.

Лего рече дека дополнителни 200 пожарникари доаѓаат од Франција и од САД, а Квебек преговара и со Костарика, Португалија и Чиле додека бара дополнителни ресурси.

„Со дадените проекции, се очекува да имаме доволно ресурси за да го поминеме летото“, рече премиерот Џастин Трудо. „Ако работите се влошат, развиваме планови за вонредни ситуации“.

Пожарите принудија околу 10.000 луѓе да ги напуштат своите домови во Квебек, а повеќето од нив се во северозападниот регион Абитиби и источниот регион Кот-Норд.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Политика апсолутно не стои зад смената на Јовев, секаде каде што има злоупотреби ќе има санкционирање, уверува Меџити

Смената на директорот на Клиниката за кардиологија Сашко Јовев кој ги предводеше трансплантациите на срце во земјава не е политичка,...

Македонија24 минути

Вмровски пратеници пред лидерската на Мицкоски: Уставни измени? Ма ни под разно!

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш го потврдија веќе познатиот став околу уставните измени. Во објави на социјалните мрежи, тие реагираат,...

Топ1 час

Бегајќи од полиција, излетал од патот со полн автомобил мигранти: приведени двајца тетовци

Синоќа на регионалниот пат Удово – Демир Капија, кај место викано „Раскрсница Удово“, полицијата привела две лица кои со автомобил...

Топ2 часа

МВР со детали за експлозијата во Чаир: Го разнеле банкоматот, но не ги зеле парите

Четири лица се обиделе со експлозив да ограбат банкомат во Бутел. Настанот се случил утринава околу три часот. Тие ја...

Македонија2 часа

Разнесен банкомат во Чаир

Утрово во Чаир е разнесен банкомат. Според информациите, со експлозив бил разнесен банкомат на НЛБ банката, кај „Алпи“ на улица...

Свет2 часа

(Видео) Зеленски го свика Советот за безбедност: „Ова е доказ дека Русите се терористи“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на Твитер објави видео од уништената брана Нова Каховка, нарекувајќи ги руските сили во Украина „терористи“....

Регион2 часа

Ердоган го постави својот портпарол за шеф на државната разузнавачка служба

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го назначи својот портпарол Ибрахим Калин за шеф на Националната разузнавачка агенција (МИТ). Ова го...

Свет3 часа

(Видео) Разнесена клучна брана кај Херсон, го снабдува Крим со вода: наредена итна евакуација

Украинската јужна оперативна команда рано утринава извести дека руските сили ја разнеле хидроцентралата Каховка. На социјалните мрежи се споделуваат видеа...

Македонија11 часа

На нож дочекано разрешувањето на кардиохирургот Јовев: „Не вирее професионалец овде“, „Меџити, добар ли си со глаата?!“

Разрешувањето на кардиохирургот Сашко Јовев од функцијата директор на Кардиологија наиде на бурни реакции во јавноста, како од фелата, така...

Македонија14 часа

Мицкоски: Ќе дојдам на лидерска и ќе кажам не за уставни измени по бугарски диктат

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашната дебата во Велес насловена како „Развојни политики за стабилна економија“ се осврна за...

Топ16 часа

МВР со информации за несреќата кај „Борис Трајковски“: повредени се две лица

Две лица се повредени во сообраќајната несреќа на булеварот 8-ми Септември во близина на спортскиот центар Борис Трајковски. Според информациите...

Македонија16 часа

Останува во притвор првиот уапсен за двојното убиство во чаршиското кафуле „Шиша бар“

Притворот на скопјанецот осомничен за двојното убиство во чаршиското кафуле „Шиша бар“ е продолжен на 30 дена. Од Обвинителството за...

Македонија19 часа

(Видео) Функционерите во хотел, фракционерите под шатор на дожд – две роденденски прослави на ДУИ

Додека функционерите за роденденот на ДУИ се собраа во хотелот „Александар палас“ во Скопје на дебатата „Европски фронт“, фракционерите се криеја под шатор...

Регион19 часа

Пукање во Љубљана, две лица убиени, главниот град на Словенија под полициска опсада

Истрели одекнале во Љубљана околу 15 часот, јавува N1 Словенија. Како што соопштија од полициската управа во Љубљана, две лица...

Македонија20 часа

Меџити за разрешениот Јовев: Тој е кадар на Венко, нема да има директори што спијат, ова е само почеток

Министерот за здравство, Фатмир Меџити, го разреши кардиохирургот Сашко Јовев од функцијата директор на Кардиологија и предводник на тимот што...

Македонија21 час

Силувал шестгодишно девојче, ресенец искористил можност додека жртвата си играла со неговата внука

Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против жител на Ресен против кого е поднесена пријава за...

Македонија22 часа

(Видео) Дамева против сите во Судскиот совет: Ниту треба ниту сум морала да знам за судските постапки на мојот сопруг, дома не разговараме за тоа

Експретседатеката на Судскиот совет, Весна Дамева, на денешната седница повторно е во центарот на вниманието на колегите, кои инсистираа да...

Македонија23 часа

(Видео) Условни казни за директорите Бесими и Етеми за пожарот во тетовската болница, докторот е ослободен

Ексдиректорот на болницата во Тетово, Флорин Бесими и поранешниот економски директор на болницата Артан Етеми се огласени за виновни за...

Македонија24 часа

(Видео) Нови циркуси во Судскиот совет – хајки, нервоза, довикувања и расправии

Нови расправии и обвинувања во Судскиот совет. Точка на дневен ред е судирот на интереси на експретседателката Весна Дамева за...

Македонија1 ден

Жирафата Каспер пцовисала од салмонела во скопската Зоолошка градина

Жирафата Каспер пцовисала од инфекција со салмонела, дознава „Макфакс“. Според патохистолошката анализа до која дојдовме, Факултетот за ветеринарна медицина констатирал...