Свет
Путин користи двојници, тврди шефот на украинското разузнавање
Шефот на украинската разузнавачка служба, Кирило Буданов, за британски „Дејли меил“ изјави дека рускиот претседател Владимир Путин користи двојници кои биле подложени на пластична операција.
Буданов во интервју за „Дејли мејл“ рече дека украинската влада е многу збунета од постојаните воени грешки на Русија за време на инвазијата и затоа многу луѓе се прашуваат дали Путин сè уште ги носи клучните одлуки.
„Колку и да е лош, Путин не беше идиот. Рускиот план не следи никаква логика. Големото прашање е дали вистинскиот Путин сè уште постои“, рече шефот на украинската разузнавачка служба, тврдејќи дека неговите луѓе откриле двојници кои биле користени за замена Путин во посебни прилики.
Буданов, кој е и генерал, вели дека употребата на двојници сега е вообичаена практика.
„Конкретно знаеме за три лица кои постојано се појавуваат. Сите направиле пластична операција за да изгледаат исто. Она што ги издава е нивната висина, а тоа може да се види на слики и видеа. Исто така, се забележуваат разлики во гестовите, говорот на телото и ушите бидејќи тие се уникатни за секој човек“, вели разузнавачот.
Буданов смета дека промените се неизбежни во Москва и дека смената на Путин е во интерес на „целиот цивилизиран свет“. Руските државни медиуми го поврзуваат Буданов со тајни операции на Крим, бидејќи тој е поранешен оперативец на специјалните сили, кој подоцна беше назначен за шеф на военото разузнавање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Свет
(Видео) Хрват од Дубаи: Во засолниште сме, не знам што ќе биде понатаму
Хрватскиот државјанин Тони Дабиновиќ, кој моментално е во Дубаи, сведочеше за ненадејна евакуација во засолниште што се случила во текот на ноќта. Како што изјавил за хрватски Индекс, тој и другите гости на хотелот биле преместени на безбедна локација откако се вклучиле сирените за тревога.
„Се наоѓаме во засолниште. Бев во хотелот, а сега сите нè сместија во засолниште, во зграда помеѓу хотелите“, рече тој. „Сега е 1:30 часот наутро. Сите нè преместија во засолниште. Имаше сирени и сигнал за тревога преку нашите мобилни телефони што сите го добивме за да се засолниме. Не знам што ќе се случи потоа“, додаде Хрватот од Дубаи.

