Свет
Путин: Општата состојба во зоната на ОДКБ е нестабилна

Настаните во Нагорно-Карабах, Белорусија и Киргистан ја искомплицираа општата состојба во зоната на одговорност на Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ).
Според претседателот на Русија, Владимир Путин, тие настани ја направија ОДКБ нестабилна.
„Тука мислам на вооружениот конфликт што избувна во Нагорно-Карабах во септември, во кој учествуваше земја членка на нашата организација, и на постизборните настани во Белорусија, која се најде под надворешен притисок без преседан, и на внатрешната политичка ситуација во Киргистан“, рече Путин на видеосамитот на ОСКБ, пренесе ТАСС.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Членките на ЕУ се согласија за меѓусебно признавање на тестовите за Ковид-19

Земјите членки на ЕУ се согласија за зајакнување на употребата на брзи антиген-тестови и за меѓусебно признавање на резултатите од тестот на Ковид-19, објави Советот на ЕУ.
Советот наведува дека употребата на брзи тестови и меѓусебно препознавање на резултатите од тестовите за Ковид-19 низ ЕУ се од суштинско значење за ублажување на ширењето на вирусот, како и за придонес кон непречено функционирање на внатрешниот пазар и олеснување на прекуграничното движење и лекување.
„Клучните компоненти на оваа препорака вклучуваат валидација и меѓусебно признавање на брзи антиген-тестови и RT-PCR тестови меѓу земјите членки, размена на стандардизиран сет на податоци, изработка на заеднички список на брзи тестови за Ковид-19 и одредување приоритет за употреба на таквите тестови, се наведува во соопштението на Советот на ЕУ.
Препораката исто така вклучува одредби кои се однесуваат на предизвиците на „еволутивната пандемија“, односно дека заедничката листа на соодветни брзи тестови за Ковид-19 треба да биде доволно флексибилна за да се додадат или отстранат оние тестови врз чија ефикасност влијаат мутациите на вирусот.
Европа
Урсула фон дер Лајен: ЕУ ќе мора што поскоро да обезбеди вакцини за Западен Балкан

Европската Унија со посебен механизам ќе обезбеди вакцини за коронавирус за Западен Балкан „што е можно поскоро“, рече претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Таа објасни дека се покажало оти постапката за доставување вакцини на сиромашните и земјите надвор од Унијата преку меѓународниот механизам Ковакс е комплицирана и затоа е одлучено со посебен механизам на ЕУ да се обезбедат вакцини на Западен Балкан, кои ќе ги дадат членките на ЕУ.
Лидерите на ЕУ исто така одлучија дека брзото ширење на опасната нова варијанта на вирусот „силно ги обесхрабрува патувањата кои не се итни“ во рамките на Унијата, но исто така го зачувува единствениот пазар на ЕУ и „Шенген зоната“.Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, посочија дека расте загриженоста во ЕУ за ширење на нова варијанта на коронавирусот и истакнаа дека ќе бидат преземени сите мерки за забрзување на масовната вакцинација на населението во ЕУ. Тие истакнаа дека целта е да се вакцинираат најмалку 70% од населението во ЕУ до летото.
Европа
Орбан: Не ни требаат објаснувања, туку вакцини

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека не може да ги укине мерките воведени за спречување на коронавирусот сè додека не се изврши масовна вакцинација на луѓето.
Тој за унгарското државно радио рече дека најдобриот пристап е да се одобри употребата на неколку различни вакцини против коронавирусот, со цел да се поттикне побрзо производство и испорака на вакцини, пренесува „Ројтерс“.
„Не ни требаат објаснувања, туку вакцини“, рече Орбан и додаде дека се надева дека министерот за надворешни работи на Унгарија Петер Сијарто, кој денес е во Москва за да преговара за вакцините, ќе обезбеди договор за набавка на руската вакцина „спутник В“.
Според него, кога здравствените работници, старите лица и оние кои работат во првите редови ќе ја примат вакцината, може да започнат разговори за олеснување на мерките.
Унгарската агенција за лекови ја одобри употребата на британската „Астра зенека“ и руската вакцина „спутник В“. Унгарија на тој начин стана првата земја на ЕУ што ја одобри руската вакцина, за која европскиот регулатор сè уште нема дадено зелено светло.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот