Свет
Путин: Mислaм дека Зеленски е фин човек
Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека верува оти украинскиот претседател Владимир Зеленски навистина сака да ја подобри ситуацијата во југоисточна Украина.
На прашањето каков е неговиот однос со Зеленски, Путин рече дека го нема бидејќи никогаш не го запознал, ниту го видел, пренесува ТАСС.
„Разговаравме по телефон. Мислам дека тој е фин човек, љубезен. Мислам дека сака да ги подобри работите, особено во Донбас“, рече Путин и додаде дека сè уште не знае дали ќе може да го стори тоа.
Сепак, истакна Путин, преземени се некои позитивни чекори, како што се раздвојување на силите и опремата во две населени места.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

