Свет
Рамзан Кадиров: Да бев на местото на Путин, одамна ќе ја окупирав Украина
Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров изјави дека САД ја користат Украина за поставување воена база на нејзина територија, додавајќи дека доколку тој бил на местото на рускиот претседател Владимир Путин, „одамна ќе ја окупирал Украина“.
Кадиров изјави дека најблизок сосед на Русија е Украина и дека се работи за словенските народи, пренесува РИА Новости.
Според Кадиров, Америка не ѝ прави ништо добро на Украина, но ѝ треба држава во која ќе ја постави својата база.
„Ако има луѓе во Украина, тие мора да се спротивстават, а ако ги нема во Украина, тогаш Русија мора да преземе мерки“, рече Кадиров.
Тој додаде дека доколку тој би бил претседател, одамна ќе ја окупирал Украина, ќе испрати војници и ќе воспостави ред.
„Ако Америка или некој мисли дека е можно да се уништи Русија или да се окупира или да се фрли нашата земја на колена, тоа никогаш нема да се случи“, нагласи Кадиров.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

