Свет
Раперот Кинг Вон убиен во Атланта, полицијата се оградува
Раперот Кинг Вон од Чикаго е еден од тројцата убиени во пукотница пред ноќен клуб во Атланта, во која се повредени уште три лица, соопштија истражителите.Според изјавата на Бирото за истраги во Џорџија, прелиминарната истрага покажува дека Вон, заедно со група мажи, го напуштиле ноќниот клуб и се упатиле на друго место, а потоа се судриле со друга група мажи.
Како што се додава, расправијата наскоро ескалирала и дошло до пукање меѓу двете групи, пренесува АП.Истражното биро наведува дека полицијата реагирала и пукала.
Шест лица биле погодени за време на конфликтот меѓу двете групи и за време на реакцијата на полицијата.
Полицијата во Атланта соопшти дека нејзините членови не го убиле 26-годишниот рапер, чие вистинско име е Давон Бенет.Како што изјавија од полицијата, се верува дека раперот бил убиен во пукање меѓу две групи, што се случило пред полицијата да реагира.Во пукањето нема повредени полицајци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

