Свет
Резултатите од вакцинацијата против коронавирусот во Израел покажуваат исклучително низок процент на зараза
Првите резултати од студиите за ефектите на вакцинацијата во Израел укажуваат на значителен пад на бројот на инфекции, како и на бројот на заразени пациенти што се лекуваат во болници во рана фаза на имунизација.
Како земја во која секој трет жител примил барем една доза, што е најголем удел во светот, Израел, кој има девет милиони жители, може да послужи како тест во глобална иницијатива за вакцинација.
Луѓето се вакцинираат 24 часа на ден, така што многу ранливи групи, меѓу кои се 70 проценти над 60-годишна возраст, веќе добиле пропишани две дози вакцина на „Фајзер/Бионтек“. Во Израел дневно се вакцинираат до 200.000 луѓе, а од минатата недела вакцината им е достапна на луѓето постари од 35 години. Вклучени се и средношколци (на возраст од 16 до 18 години) за да може да полагаат испити, пренесува „Гардијан“.
Израелското Министерство за здравство ги објави првите официјални резултати минатата недела: се покажа дека само 317 од вкупно 715.425 лица (0,04 проценти) се заразиле една недела по добивањето две дози вакцина против коронавирусот – период во кој треба да добијат посилен имунитет. Од тоа, 16 морало да се лекуваат во болница, односно само 0,002 проценти од вкупниот број.
Охрабрувачка е и помалата студија на израелскиот давател на здравствени услуги „Макаби хелткери сервисиз“, објавена во четвртокот, од 163.000 Израелци што ги примиле двете дози, само 31 бил заразен, а во контролната група (која не била вакцинирана), речиси 6.500 лица се заразиле. Според тие податоци, вакцината е ефикасна 92 процента, што е приближно до 95-процентната ефикасност за која зборува „Фајзер“.
„Ова е многу, многу добра вест“, рече д-р Анат Ека Зохар, потпретседателка на „Макаби“ за локалните медиуми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп за апсењето на Ендрју: „Мислам дека тоа е срамота, многу е тажно“
Американскиот претседател Доналд Трамп го коментираше апсењето на Ендрју Маунтбатен-Виндзор, оценувајќи дека станува збор за срамота за британското кралско семејство.
„Мислам дека тоа е срамота. Многу е тажно. Тоа е толку лошо за кралското семејство. Навистина ми е многу, многу тажно“, изјави Трамп.
Тој изрази жалење и за последиците што случајот може да ги има врз кралот Чарлс III, за кого рече дека е фантастичен човек и дека наскоро треба да ги посети САД.
На прашање дали слични апсења може да се случат и во САД, Трамп избегна директен одговор и повтори дека е целосно ослободен од каква било вина поврзана со случајот на Џефри Епстин.
„Јас сум на некој начин експерт за тоа бидејќи сум целосно ослободен од обвиненијата“, рече Трамп, додавајќи дека аферата била искористена за да му се нанесе политичка штета.
Свет
Поранешниот принц, Ендрју, пуштен од полициски притвор, но и натаму под истрага
Ендрју Маунтбатен-Виндзор е ослободен од полициски притвор по неговото апсење под сомнение за злоупотреба на јавната функција.
Поранешниот принц беше приведен од полицајците за време на рација во 8 часот наутро во неговиот нов дом во Вуд Фарм, на имотот Сандрингем, објави „Дејли Меил“.
Полицијата појасни дека истрагата против Ендрју е во тек, иако тој е ослободен.
Поранешниот војвода од Јорк беше уапсен во врска со наводите дека му пренел чувствителни информации на осудениот финансиер и педофил, Џефри Епстин додека дејствувал како трговски претставник на британската влада.
Братот на Ендрју, кралот Чарлс III, не бил однапред предупреден за апсењето, се дозна денес. Тој изјави дека „законот мора да се почитува“ и повика на „фер судење“.
Свет
(Видео) Трамп за претседателот на Парагвај: Млад и згоден, но јас сакам жени
Денеска беше одржан првиот состанок на Одборот за мир на Доналд Трамп, на кој говореше и американскиот претседател. Покрај заканите упатени до Иран и планот за Газа, тој го коментираше и физичкиот изглед на 47-годишниот претседател на Парагвај, Сантијаго Пења.
„Млад, згоден човек. Секогаш е убаво да се биде млад и згоден. Тоа не значи дека мора да го сакаме. Не сакам млади, згодни мажи. Сакам жени. Мажите воопшто не ме интересираат“, рече Трамп.
Trump: Young, handsome guy. Always nice to be young and handsome. Doesn’t mean we have to like you. I don’t like young, handsome men. Women I like. Men I don’t have any interest. pic.twitter.com/E7P1qhExyp
— Acyn (@Acyn) February 19, 2026
За време на основачкиот состанок во Вашингтон, Трамп испрати и порака до Иран дека мора да постигне „суштински договор“ за запирање на својата нуклеарна програма или, како што рече, „ќе се случат лоши работи“.
Тој додаде дека други земји веќе придонеле со повеќе од седум милијарди долари за помош за Газа во рамки на иницијативата на Одборот за мир.

