Свет
Рекорден број новозаразени со коронавирус во САД

Во САД има 77.255 нови случаи на инфекција со коронавирус – рекорден еднодневен скок од почетокот на пандемијата, а дневните бројки од пред само неколку недели се зголеменија за трипати, пренесе Си-ен-ен.
Пријавени се и 943 нови смртни случаи, објави Универзитетот „Џонс Хопкинс“ во неговата статистика.
Новите бројки значат дека вкупниот број заразени се искачи на 3.576.157, а има вкупно 138.358 смртни случаи од коронавирусот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Холандија воведува полициски час, луѓето веќе смислуваат начини како да го избегнат

Предлогот на холандската влада да воведе полициски час, прв по Втората светска војна, помина во парламентот, пренесува АФП.
#BREAKING Dutch parliament approves #coronavirus curfew pic.twitter.com/DR8U58Q8u1
— AFP News Agency (@AFP) January 21, 2021
Да потсетиме, владата денеска предложи воведување на национален полициски час за прв пат по Втората светска војна и забрана за летови од Јужна Африка и Велика Британија, во обид да се ограничи ширењето на новите видови коронавирус во Холандија.
Забраната за летови, за која премиерот Марк Руте вели дека ќе важи и за сите јужноамерикански држави, треба да стапи на сила в сабота.
Руте не ја потврди веста објавена во средата од страна на холандската новинска агенција АНП, во која беше напишано дека забраната за летови ќе важи за сите земји надвор од шенген-зоната, која има 26 земји.
„Полицискиот час ќе допушта само луѓето со итни обврски да ги напуштаат своите домови меѓу 21 и 4:30 часот од петок навечер“, рече Руте.
Училиштата и продавниците кои продаваат несуштински производи се веќе затворени од средината на декември, откако кафулињата и рестораните беа затворени два месеца порано.
Затворањето треба да остане во сила најмалку до 9 февруари, рече Руте минатата недела.
Од страв да не бидат фатени за време на полицискиот час, Холанѓаните наоѓаат креативни решенија за да ги заобиколат правилата, па се пријавуваат за шетање на кучиња и нарачуваат униформи од познати компании за достава.
Веб-страницата што ги поврзува сопствениците на кучиња со волонтери кои ќе ги носат нивните кучиња на прошетка е преплавена со понуди.
„Обично добиваме 10 понуди неделно, а од вторникот и најавениот полициски час, добивме 300“, вели Јос ван Пруијен, раководител на непрофитната веб-страница www.matcheenleenhond.nl.
Интернет-продавницата Marktplaats.nl ја прекина продажбата на јакни и облека од познати компании за испорака како одговор на наглиот пораст на побарувачката, објави весникот Алгемин Дагблад.
Некои продавачи нудат празни кутии за испорака со почетна цена од 50 евра.
Казната за кршење на полицискиот час е 95 евра.
Регион
Албанија протерала руски дипломат зошто не ги почитувал мерките против коронавирусот

Албанската влада протерала руски дипломат, поради наводно кршење на мерките за сузбивање на пандемијата на коронавирус, пренесува албански „Топ ченел“.
Министерството за надворешни работи на Албанија му наредило на рускиот дипломат Алексеј Кривошев да ја напушти земјата за 72 часа, наведувајќи дека руската страна уште од април минатата година била предупредена во врска со однесувањето на овој дипломат.
„И покрај ветувањата, рускиот дипломат продолжи да ги крши мерките“, соопшти албанското Министерство за надворешни работи.
Во исто време, министерството изразило подготвеност да ја продолжи пријателската соработка со Русија, изразувајќи надеж дека Москва ќе ги разбере причините за оваа одлука.
„Албанската влада сака да ги зајакне пријателските односи со Руската Федерација и жали што добрата волја на обете страни е поткопана со повторените постапки на руските дипломати во Тирана“, се вели во соопштението на албанското МНР.
Европа
(Видео) Тепачка во чешкиот парламент, полицијата ќе ги казни учесниците кои не носеле маски

Дебата во долниот дом на чешкиот парламент денеска се претвори во тепачка.
Откако му беше исклучен микрофонот поради искажани навреди, Лубомит Волни, независен пратеник од листата на чешки радикални националисти, влезе во борба со претседателот Томаш Ханзел од редовите на социјалдемократите.
На крајот, обезбедувањето го избркало Волни од салата, а полицијата го истражува кршењето на мерките за заштита од коронавирусот, како и одбивањето на Лубомит Волни и неговиот колега Маријан Бојко да носат маски.
Во Чешка, кршењето на мерките се казнува со 400 евра.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот