Свет
Речиси 100 лица загинаа во напад врз село во Мали
Непознати напаѓачи нападнале едно село во централниот дел на Мали во неделата, при што загинале 95 лица, информира Министерството за одбрана на Мали, пренесува „Спутник“.
„Во моментот има 95 мртви цивили. Телата се изгорени, а продолжуваме да бараме и други”, рече еден официјален претставник на округот Кунду.
Малиски безбедносен извор од местото на масакрот изјавил дека едно село на племето Догон е практично избришано. Ловците од племето Догон се дел од Бамбара, која е дел од најголемата етничка група Манде во Мали.
Судирите меѓу Догоните и Фулани за пристап до земја и вода станаа почести во последните неколку месеци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

