Свет
Речиси 50 милиони Американци би можеле да останат без работа
Милиони Американци веќе ги загубија своите работни места како резултат на кризата од коронавирусот, а најголемата штета допрва претстои, според процената на Федералните резерви.
Според неодамнешната анализа на ризиците за натамошен развој на ситуацијата, економистите на ФЕД предвидоа дека дури 47 милиони Американци би можеле да ги загубат работните места, со што стапката на невработеност достигна 32,1 процента.
Ова би била највисоката стапка на невработеност од 1948 година, од кога официјално се води оваа статистика, пренесува „САД тудеј“. Исто така, додаде дека за време на големата депресија таа стапка била речиси 25 проценти.
Економистите на Федералните резерви во своите проекции вклучиле и висок ризик за работните места, кои на крајот би можеле да бидат изгубени поради владините мерки за ограничено движење, пренесува Си-ен-би-си.
Ако навистина 47 милиони луѓе останат без работа, ќе се зголеми стапката на невработеност во САД на 52,8 милиона, што би било полошо од врвот на големата рецесија повеќе од трипати. Единствената светла точка е дека ограничувањето на слободата на движење и работа се очекува да биде краткотрајно.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нетанјаху најави дека израелските напади врз Иран ќе се интензивираат
Нападите на Израел врз Иран ќе продолжат да се интензивираат, вели израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по состанокот со министерот за одбрана Израел Кац, началникот на Генералштабот на ИДФ, генерал-потполковник Ејал Замир, и шефот на Мосад, Дејвид Барнеа.
„Нашите сили сега напаѓаат во срцето на Техеран со зголемен интензитет, а ова само ќе се интензивира дополнително во наредните денови“, вели Нетанјаху од покривот на седиштето на ИДФ Кирја во Тел Авив.
„Сепак, ова се болни денови“, вели тој, осврнувајќи се на смртоносните ирански напади во Тел Авив и Беит Шемеш.
„Моето срце е со семејствата и во име на сите вас, граѓаните на Израел, им испраќам желби за брзо закрепнување на ранетите.“
Свет
Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата.
„Никој не може да поверува во успехот што го имаме, 48 лидери исчезнаа одеднаш. И се одвива брзо“, беше цитиран Трамп во интервју за Фокс њуз.
Во посебно интервју за Си-Ен-Би-Си, тој вели дека американската операција во Иран е „пред предвидениот рок“.
Свет
Израелската војска пак го нападна Иран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.
„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.

