Свет
Ромни: Републиканците ќе го поддржат Трамп ако повторно се кандидира за претседател
Републиканскиот сенатор Мит Ромни верува дека поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, лесно ќе ја oсвои номинацијата на Републиканската партија за претседател на САД доколку повторно се кандидира за влез во Белата куќа во 2024 година.
Во онлајн-интервју за „Њујорк тајмс“, Ромни рече дека е убеден оти Трамп ќе има улога во Републиканската партија во наредните години и додаде дека поранешниот претседател на САД има убедливо најсилен глас и одлично влијание во партијата.
„Не знам дали ќе се кандидира во 2024 година или не. Но, ако се кандидира, јас сум прилично сигурен дека ќе добие номинација“, рече Ромни.
Тој истакна дека многу може да се случи до 2024 година, но посочи дека анкетите на јавното мислење покажуваат оти републиканските гласачи сепак претежно го фаворизираат поранешниот претседател, пренесува „Политико“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

