Свет
Русинка остана заробена на планина 12 дена, спасувачката операција прекината
Надежите за спасување на руската планинарка Наталија Наговичина, која е заробена на планина во Киргистан 12 дена, полека бледнеат откога спасувачките операции беа прекинати поради влошување на временските услови.
На 12 август Наговичина си ја скрши ногата додека се спушташе од врвот на Џенгис Чокусу, познат и како Врв на победата. Тоа е највисоката планина на масивот Тјаншан на границата меѓу Киргистан и Кина, висока 7.439 метри.
Search for #RussianMountaineer #NataliaNagovitsina, abandoned. Struck up at VictoryPeak, 22,965 feet, at #Kyrgyzstan with an injured leg. At -23° she is exposed to hypothermia, with last seen 3 days back via drone. Trying to save her, #ItalianMountaineer,Luca Sinigaglia died. pic.twitter.com/5Thy3P3rDf
— Dr. Subhash (@Subhash_LiveS) August 24, 2025
Министерството за вонредни ситуации на Киргистан за Си-ен-ен потврди дека искусната планинарка оттогаш останала заробена и покрај повеќекратните обиди за спасување.
Група планинари успеаја да стигнат до неа веднаш по несреќата и да ѝ достават некои продукти, но евакуацијата не беше можна во тоа време поради екстремните услови. Италијанскиот планинар Лука Синигалија загина за време на тие обиди, а неговото тело сè уште не може да се симне од планината поради бурата, објави италијанското Министерство за надворешни работи.
Врвот на победата е познат како еден од таканаречените врвови на Снежен леопард, пет планини повисоки од 7.000 метри на територијата на поранешниот Советски Сојуз. Искачувањата таму се многу тешки, а сезоната на искачување е многу кратка поради екстремниот студ и суровите временски услови.
Сопругот на Наталија, Сергеј Наговичин, го загуби животот на експедиција на вториот врв на Снежниот леопард, врвот Кан-Тенгри. За време на тоа искачување Наталија одби да го напушти сопругот додека не пристигнат спасувачите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски: Украина се откажува од НАТО во замена за безбедносни гаранции
Украина е подготвена да се откаже од членството во НАТО во замена за западни безбедносни гаранции, како компромис за завршување на војната со Русија, изјави претседателот Володимир Зеленски пред разговорите со американски претставници во Берлин.
Зеленски оцени дека безбедносните гаранции од САД, европските земји и други партнери, би можеле да спречат нова руска инвазија и претставуваат значаен отстап од украинска страна.
Тој потсети дека членството во НАТО долго време беше стратешка цел на Украина и дел од уставните определби на земјата.
Иако официјалниот состав на разговорите во Берлин не е објавен, американски функционер потврди дека специјалниот пратеник на поранешниот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, и Џаред Кушнер ќе учествуваат на средбите со украински и европски претставници.
Свет
(Видео) Храбар случаен минувач го совлада и разоружа еден од напаѓачите на плажа во Сиднеј
На плажата Бонди во Сиднеј се случи пукaње, во кое, според последните информации, 12 лица се убиени, а 29 се повредени.
Светските медиуми објавуваат видео од социјалните мрежи на кое се гледа како минувач совладува и разоружува еден од напаѓачите.
Видео објавено на социјалните мрежи, според „Гардијан“, покажува како минувач го соборува на земја еден од напаѓачите на плажата Бонди и му го грабнува пушката.
Пукањето официјално беше прогласено за терористички чин.
Еден вооружен напаѓач е исто така убиен, а вториот осомничен е во критична состојба, соопшти полицијата.
На плажата се одржувал настан по повод почетокот на Ханука, еврејскиот празник на светлината, на кој присуствувале повеќе од 1.000 луѓе, соопшти полицијата.
Свет
(Видео) Најмалку 10 убиени во пукање на плажата Бонди во Сиднеј
Најмалку 10 лица загинаа во пукaње што се случи на плажата Бонди во Сиднеј, Австралија.
Пукањето се случило за време на прославата на еврејскиот празник Ханука. Очевидци за „Скај њуз“ изјавија дека се слушнале околу 50 истрели, додека стотици луѓе во паника бегале од местото на настанот.
Two gunmen opened fire on 2,000 celebrating Hanukkah at Bondi Beach Sydney
2 suspects in custody, multiple dead and injured including police officer
Witnesses report up to 50 shots fired. Investigation ongoing.
This comes as anti-Jewish hate crimes hit record levels glo🅱️ally pic.twitter.com/m8Fpt6j3sl
— Boi Agent One (@boiagentone) December 14, 2025
Еден од напаѓачите бил убиен на лице место, додека другиот е ранет и се наоѓа во притвор.
На терен веднаш интервенирала полицијата и службите за итна медицинска помош, со десетици амбулантни возила собраани на паркингот Норт Бонди Централ.
Локалните власти ја истражуваат причината за нападот и моментално не даваат дополнителни детали за мотивот.

