Свет
Русите објавија видео – Бајден нареди бомбардирање на Белград
Портпаролката на руското МНР, Марија Захаровa, објави видео од состаноците на Комитетот за надворешни работи на Сенатот во 1998 година.
Според Захарова, видеото е направено една година пред бомбардирањето на Белград.
На видеото се гледа како актуелниот претседател на САД, Џо Бајден, вели дека токму тој предложил бомбардирање на главниот град на тогашна СР Југославија.
„Предложив бомбардирање на Белград. Предложив американските пилоти да одат таму и да ги уништат сите мостови на Дрина“, рече Бајден.
Захарова наведува дека Бајден за тоа зборува и пред бомбардирањето објаснувајќи дека Белград бил бомбардиран.
„Југославија не претставуваше директна или индиректна закана за Соединетите Американски Држави или за нејзините граѓани. Само им требаше“, заклучи Захарова.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата.
„Никој не може да поверува во успехот што го имаме, 48 лидери исчезнаа одеднаш. И се одвива брзо“, беше цитиран Трамп во интервју за Фокс њуз.
Во посебно интервју за Си-Ен-Би-Си, тој вели дека американската операција во Иран е „пред предвидениот рок“.
Свет
Израелската војска пак го нападна Иран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.
„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.

