Свет
Русија верува дека Западот вештачки ги засилува тензиите во Персискиот Залив
Москва е загрижена поради зголемувањето на тензиите во Персискиот Залив и гледа обиди да се поттикнат овие тензии, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, пренесува „Спунтик“.
„Гледаме дека некои наши западни колеги вештачки се обидуваат да ја разгорат ситуацијата. И Русија и Иран се спротивставуваат на ваквите обиди со предлог за воспоставување еднаква, заемно корисна соработка во овој важен регион “, рече Лавров на средбата со својот ирански колега Мохамед Џавад Зариф.
Изјавата следува откако Пентагон во неделата рече дека американската војска спровела серија напади кои биле насочени кон пет објекти на Катаиб Хезболах во Сирија и во Ирак.
„Како одговор на континуираните напади на Катаиб Хезболах (КХ) врз ирачки бази кои се домаќини на коалициските сили од оперрацјата Inherent Resolve (ОИР), американските сили спроведоа прецизни дефанзивни напади против пет објекти на КХ во Ирак и во Сирија кои ќе ја намалат способноста на групата да спроведува идни напади врз силите на ОИР “, рече портпаролот на Пентагон, Џонатан Хофман.
Катаиб Хезболах е ирачка шиитска паравоена група формирана за време на војната во Ирак како бунт против воената окупација на САД по инвазијата на САД во 2003 година.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во меѓувреме изјави дека САД не ја известиле Русија за нападите врз објектите на Хезболах, вклучително и оние во Сирија.
Претходно годинава Лавров изјави дека Русија бара решение за тензиите во Персискиот Залив преку дијалог и без неосновани обвинувања.
„Нашиот придонес е ревидираниот руски концепт за колективна безбедност во регионот претставен ова лето“, рече Лавров во обраќањето пред Генералното собрание на ОН.
Кон крајот на јули руското МНР претстави, во услови на засилени тензии меѓу САД и Иран, ажурирана верзија на иницијативата наречена Колективен безбедносен концепт за регионот на Персискиот Залив, во која се предлага откажување од трајно распоредување трупи од вонрегионални држави во регионот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел: Способноста на Иран да лансира ракети ќе биде значително нарушена
Израел очекува способноста на Иран да испали балистички ракети да биде значително нарушена во следните 24 часа, изјавија двајца израелски функционери, како резултат на зголемените напади на САД и Израел. Според нив, се очекува фреквенцијата на иранските ракетни напади да се намали до вторник вечерта и да бидат испукани помалку ракети кон Израел, пренесуваат медиумите во регионот.
Во првите три дена од војната, САД и Израел погодија повеќе од 1.200 цели. Се очекува тој број да се удвои до вторник, по она што официјалните лица го опишаа како неуморно темпо на напади што започна во понеделник и се очекува да продолжи во текот на ноќта.
Еден од функционерите рече дека се очекува нападите на американските и израелските сили во понеделник вечерта да бидат насочени кон ракетни лансери, сили за внатрешна безбедност и цели на Револуционерната гарда. Американските и израелските функционери денес нагласуваат дека темпото и успехот на воздушната кампања досега ги надминале сите очекувања.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.

