Контакт

Свет

Русија во доверливи консултации со Холандија за падот на МХ17

Објавено пред

Русија спроведува доверливи консултации со Холандија во врска со летот MH17, кој беше урнат врз Донбас во јули 2014 година, изјави рускиот заменик-министер за надворешни работи, Александар Грушко, за ТАСС.

„Таквите консултации се во тек, но се согласивме дека процесот ќе има доверлив карактер”, рече дипломатот.

Регион

Вучиќ: Ќе ја престигнеме Хрватска многу побргу отколку што очекувавме

Објавено пред

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, синоќа гостуваше на телевизијата „Пинк“, каде што го најави економското престигнување на Хрватска, најпрвоин во однос на БДП, а потоа и во однос на платите.

„Ќе ја престигнеме Хрватска многу побргу отколку што очекувавме“, рече Вучиќ.

Потоа тој даде и низа конкретни ветувања.

„За едн аи пол година, ќе ја надминеме Хрватска во однос на БДП, а за шест години, во однос на платите. Сите други земји во регионот се веќе одамна зад нас“, рече српскиот претседател.

Според Вучиќ, без коронавирусот, Србија би имала најголем раст во Европа.

„Повеќето граѓани се задоволни од успехот на земјата, но не можеме да се навикнеме да бидеме најуспешни и мора да се жалиме за нешто. Отсекогаш сум бил против таа политика на поплаки. Извозот од ИТ-секторот ќе го надмине земјоделството за една и пол година. Ние мора да растеме и структурно да ги зајакнеме земјоделството, образованието и подготвени да влеземе во четвртата индустриска револуција“, рече Вучиќ.

Претседателот на Србија истакна дека во последниот квартал Србија имала економски раст од 6,1 проценти.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Хаос во Киев: маж се заканил дека ќе разнесе мост

Објавено пред

Непознат човек, кој се заканил дека ќе го крене во воздух мостот „Метро“ во Киев, е уапсен. Мостот и неговата околина, како и неколку метро-станици, биле блокирани по и за време на полициската акција.

Украинските медиуми пренесуваат дека во врска со случајот е уапсен маж што носел заштитна маска и кој се заканил дека ќе го разнесе мостот, а во таа пригода се слушнале и истрели.

Медиумите исто така наведуваат дека непознатиот маж на мостот оставил торба со непозната содржина.

Сепак, подоцна, во торбата не бил пронајден експлозив. Во неа имало земја и жица, јави украинската агенција „Унијан“.

Ова на новинарите им го соопштил и заменик-директорот на украинската полиција, Андреј Кришченко.

Според него, уапсениот не доставил никакви барања до полицијата и ќе биде кривично гонет за лажна дојава за бомба.

Киевската полиција претходно соопшти дека добила повик од очевидци, кои изјавиле дека на мостот има човек што тврди дека поставил бомба која набргу ќе експлодира.

На фотографиите објавени од медиумите се гледа маж со заштитна маска на лицето како стои на мостот покрај торбата.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Опожарена претседателската црква во Вашингтон, тројца убиени и илјадници уапсени демонстранти

Објавено пред

Историската црква „Сент Џон“, позната и како претседателска црква затоа што се наоѓа недалеку од Белата куќа, беше опожарена и оштетена за време на мирните протести во Вашингтон, кои во текот на ноќта се претворија во изливи на вандализам.

Црковните достоинственици велат дека ќе се молат за здравјето на нацијата по оштетувањето на црквата во жестоките судири меѓу демонстрантите и полицијата, јави „Ен-би-си Вашингтон“.

Пожарот во 200-годишната црква е подметнат, соопштија надлежните, додавајќи дека во еден момент избувнал голем пожар и пред црквата, а скршено било и заштитното стакло на црквата, која била ишарана со графити.

Црквата има историско значење затоа што на нејзините служби присуствувале речиси сите претседатели, почнувајќи од Џејмс Медисон.

Повеќе од 4.400 демонстранти беа уапсени за време на протестите што избувнаа во Соединетите Американски Држави по повод убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кои траат веќе шест дена, јавува порталот „Ју-ес-еј тудеј“.

Мирните протести набргу се претворија во вандализам и грабежи во целата земја, а полицијата мораше да употреби солзавец и гумени куршуми за време на судирите со демонстрантите.

Тројца демонстранти се убиени во судирите со полицијата, еден во Кентаки и двајца во Ајова.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Филипче: Бројки како вчерашните и денешните очекуваме и во следните неколку дена

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека се очекува бројката на новодијагностицирани од Ковид-19 и во следниве 2-3 дена да...

Македонија3 часа

Филипче: Над 70 отсто од новите случаи се од познати кластери

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека 70 отсто од новозаболените од Ковид-19 од Скопје се од веќе познати општини...

Македонија4 часа

Османи: Засега нема предлог за воведување полициски час во одделни скопски општини

Засега нема предлог до Кризниот штаб и Владата за воведување полициски час во одделни општини низ Скопје, каде бројот на...

Македонија5 часа

Седум починати и 89 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во изминатите 24 часа во државава се потврдени 89 нови случаи на коронавирус и седум смртни случаи, соопшти Министерството за...

Економија5 часа

Горивата поевтинуваат

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за половина денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Од вечерва на...

Македонија6 часа

(Видео) Заев: Датумот е завршена работа, избори ќе има на 5 јули

Поради заштита, изборите се решение, а датумот е завршена работа, тие ќе се случат на 5 јули за да добиеме...

Регион7 часа

Словенија официјално прогласи крај на епидемијата на Ковид-19

Словенија официјално прогласи крај на епидемијата на коронавирус. Од денеска се олеснети рестриктивните мерки, а со работа почнуваат фитнес-центрите, салоните...

Македонија7 часа

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска, позитивна на Ковид-19

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, објави на Фејсбук дека е позитивна на коронавирус. Таа вели дека по...

Македонија8 часа

И директорот на финансиска полиција и градоначалникот на Чаир во самоизолација

Директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми, и градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, се во самоизолација затоа што...

Македонија8 часа

Од утре пак не важи бесплатниот автобуски превоз за пензионери

Oд утре, вторник, 2 јуни, повторно нема да важи бесплатното користење на јавниот превоз за возрасни лица, односно за жени...

Македонија9 часа

Османи: Денеска бројот е уште позагрижувачки!

Денеска бројот е уште позагрижувачки, напиша вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, на „Фејсбук“. Тој вели дека не е потребно...

Македонија9 часа

Царовска и Манчевски во самоизолација, биле на состанок со Зекири

Вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска, и министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, од денеска се во самоизолација...

Македонија10 часа

Црна Гора не прима македонски државјани поради зголемениот број заразени

Владата на Црна Гора ја отстрани Македонија од листата држави кои немаат потреба од државен карантин при влез на територијата...

Свет10 часа

(Видео) Протестите за смртта на Афроамериканецот се проширија и во Европа

Во Лондон и уште неколку градови во Велика Британија се одржаа протести како поддршка на демонстрациите во САД, поради смртта...

Свет10 часа

(Видео) Трамп евакуиран во подземен бункер под Белата куќа

Агенти од тајната служба го спровеле американскиот претседател Доналд Трамп во бункер во време кога Белата куќа ја опколија демонстранти,...

Свет21 час

(Видео) Астронаутите на „Спејс-икс“ и НАСА пристигнаа во вселенската станица

Вселенското летало „Dragon“ на американската компанија „Space-X“, во кое се вклучени астронаути нa НАСА, Роберт Бенкен и Даглас Харли, пристигна...

Македонија23 часа

Заев: Гласањето на изборите ќе се одржи според сите безбедносни протоколи

Избори мора да има час поскоро. Предизбрните активности и самото гласање ќе се одржат согласно сите безбедносни протоколи, пишува претседателот...

Македонија1 ден

Јанушев чека резултати од тестот по дебатата со Зекири, новинарката Мрѓа е во домашна изолација

Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири кој е заразен со коронавирус, пред два дена учествуваше на дебата во ТВ24 заедно со...

Спорт1 ден

Позитивни на Ковид-19 има во Ренова и Шкендија

Ре-стартот на фудбалскиот шампионат на Македонија, предвиден за 14 или 21 јуни, најверојатно ќе биде одложен откако четворица од Ренова...

Економија1 ден

Бектеши: Од 15 јули ваучери од 6.000 денари за домашен туризам

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес-конференција информираше дека на последната седница на Владата, на предлог на Министерството за...

Досие