Свет
Русија е спремна за секакво сценарио ако се влошат односите со САД
Русија е спремна на секакво сценарио, особено во случај на понатамошна дестабилизација и влошување на ситуацијата од страна на САД и нема да разместува ракети додека тоа не го стори американската страна, посочи рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, во обраќањето пред државната Дума, пренесува ТАСС.
Рускиот претседател на 2 февруари изјави: „Поведуваме научноистражувачки и конструкторски проекти за развивање системи од среден дострел водејќи се од одговорниот пристап кон обезбедувањето на меѓународниот мир и безбедност за, ако е потребно, да можеме да им парираме на САД, кои се во напредна фаза на таквите проекти“.
„Ние ќе се воздржуваме од чекори за распоредување на нашите средства каде било сè додека тоа не го сторат САД“, изјави Рјабков.
Тој истакна дека таквото однесување е насилна манифестација на добрата волја и на одговорноста од страна на Русија.
„Ќе бидеме спремни за секакво сценарио ако САД продолжат со дестабилизацијата и со заострување на ситуацијата“, заклучи Рјабков.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

