Контакт

Свет

Русија е спремна за секакво сценарио ако се влошат односите со САД 

Објавено пред

Русија е спремна на секакво сценарио, особено во случај на понатамошна дестабилизација и влошување на ситуацијата од страна на САД и нема да разместува ракети додека тоа не го стори американската страна, посочи рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, во обраќањето пред државната Дума, пренесува ТАСС.

Рускиот претседател на 2 февруари изјави: „Поведуваме научноистражувачки и конструкторски проекти за развивање системи од среден дострел водејќи се од одговорниот пристап кон обезбедувањето на меѓународниот мир и безбедност за, ако е потребно, да можеме да им парираме на САД, кои се во напредна фаза на таквите проекти“.

„Ние ќе се воздржуваме од чекори за распоредување на нашите средства каде било сè додека тоа не го сторат САД“, изјави Рјабков.

Тој истакна дека таквото однесување е насилна манифестација на добрата волја и на одговорноста од страна на Русија.

„Ќе бидеме спремни за секакво сценарио ако САД продолжат со дестабилизацијата и со заострување на ситуацијата“, заклучи Рјабков.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Во поплавите во Непал загинале речиси 80 луѓе, на милиони им е потребна помош

Објавено пред

Најмалку 78 луѓе загинале во монсунските дождови и поплави во Непал. Во сојузната индиска држава Асам пак загинале најмалку 19 луѓе, а над 4 милиони имаат потреба од итна помош, предупредуваат властите.

Американските медиуми јавуваат дека повеќе од 40.000 непалски војници и полицајци им доставуваат храна, шатори и лекови на илјадниците луѓе кои се погодени од поплавите.

Според проценките, најмалку 32 лица во Непал се водат за исчезнати. Во индиската држава Асам повеќе од 85.000 лица спас нашле во некое од 187-те државни засолништа.

Поплавите го уништија и патот на границата меѓу Асам и бангладеш, а од индиска страна поплавени се 70 села.

Во Бангладеш, пак, од саботата до сега од удари на гром загинале најмалку 12 лица, главно земјоделци. сд/

Прикажи повеќе...

Европа

На листата на УНЕСКО и чешка ергeла стара 440 години

Објавено пред

Чешка ергeла коњи во Кладруба на Лаба, основана пред 440 години, влезе во Светското културно наследство на УНЕСКО, со што се призна знашењето на оваа повеќевековна традиција.

Ергелата официјално започнала да работи во 1579 година кога Рудолф II од хабсбуршката династија ѝ доделил царски статус на фармата основана од неговиот татко, царот Максимилијан II.

Таа е основана на одгледување и тренинг на „кладрубери“, редок вид на коњи, еден од најстарите во светот, објави АП.

Ергелата во 2015 година беше реновирана од фондовите на Европската Унија.

Ова е првата ергела што се најде на листата на УНЕСКО.

Прикажи повеќе...

Европа

Миграцијата од источноевропските земји ја зголеми популацијата на Германија до рекордно ниво

Објавено пред

Населението во Германија минатата година достигна рекордно високо ниво од повеќе од 83 милиони луѓе главно поради миграцијата, најчесто од источна Европа, покажуваат податоците објавени во вторникот.

Нето-миграцијата во 2018 година падна на 400.000 луѓе од 416.000 претходната година, објави Федералниот завод за статистика. Земјите на Европската Унија и понатаму остануваат главен извор на миграција со речиси 202.000 нови пристигнувања.

Во рамките на оваа група нето-миграцијата е највисока од Романија (68.000), Хрватска (29.000), Бугарија (27.000) и Полска (20.000), покажуваат податоците.

Меѓутоа, рекордното вработување и намалената стапка на невработеност доведоа до стеснување на пазарот на трудот во најголемата европска економија, при што работодавците се бореа да најдат вработени за повеќе од еден милион позиции.

Старото население и ниските стапки на наталитет значат дека работната сила во Германија веројатно ќе се намали во наредните децении, па затоа мигрантите се сметаат за клучни за да им помогнат на компаниите да најдат работници, чии пензиски придонеси го поддржуваат растечкиот број пензионери.

Минатата година се намали и бројот на бегалци од земјите уништени од војни што доаѓаат во Германија. Нето-миграцијата од Сирија речиси се преполови на 34.000 во 2018 година од 60.000 претходната година. Нето-миграцијата од Африка падна на 34.000 од 35.000.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

Стефанова од СЈО: Јас не стравувам од новата истрага, а за Јанева не знам

Обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова, која го води случајот „Империја“ вели дека сите одлуки и списи кои излегувале од Специјалното...

Македонија18 минути

СЈО се огради од Јанева, од таму бараат да се сочува интегритетот на институцијата

Ленче Ристоска од СЈО, во име на сите обвинители, но и на целиот истражителски тим на СЈО, истакна дека примерен...

Македонија48 минути

Мицкоски бара притвор за Катица Јанева

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за вчерашното апсење вели дека е голем октопод, дека има злоупотреби на медиум и дека...

Македонија2 часа

Брендирана гардероба, накит, часовници и уметнички предмети меѓу доказите за Боки 13

Тимот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во соработка со Министерството за внатрешни работи во текот...

Македонија4 часа

Кривичниот суд му порача на Јовески, место да ги критикува судиите, да си погледне во сопствениот двор

Скопскиот Кривичен суд во соопштение до јавноста реагира на вчерашната изјава на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески дека на судиите,...

Свет5 часа

(Видео) Се урна зграда во Мумбај, над 40 затрупани

Десетици луѓе останаа затрупани по уривање четирикатница во индискиот град Мумбај. Станбената зграда во густо населеното подрачје се урнала затрупувајќи...

Свет5 часа

(Видео) Во Калифорнија експлодира куќа, има и жртви

Еден човек загина, а 15 се повредени кога експлодира куќа во Калифорнија, објави Си-ен-ен. Причина за експлозијата е оштетен гасовод....

Регион5 часа

Еден тон дрогa пронајдена во лабораторија за производство на марихуана во Република Српска

Во операцијата „Уникат“ во областа на Бања Лука полицијата на Република Српска откри голема лабораторија за производство на марихуана и...

Свет6 часа

Асанж нема да биде екстрадиран во земјите каде што му се заканува смртна казна

Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, нема да биде екстрадиран во земјите во кои му се заканува смртна казна, рекол британскиот...

Македонија7 часа

Димитров: Системот почна да се бори со криминалот, сеирџиство и банално ликување не помагаат

Системот, со сите маани, почнува да се бори со криминалот, без разлика од каде доаѓа, напиша министерот за надвореши работи,...

Европа7 часа

На Алпите паднаа 30 сантиметри снег

На Матерхорн, еден од највисоките врвови на италијанските Алпи чија надморска височина е 4.478 метри, паднаа 30 сантиметри снег, кој...

Македонија15 часа

Русковска: Обвинителките засега нема да бидат изведени пред судија

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал, Вилма Русковска вели дека постоеле индиции оти Бојан Јовановски познат како Боки 13 се...

Македонија16 часа

Притвор од 30 дена и за Боки 13

Триесет дена притвор вечерва доби и првиот човек на 1ТВ и неформалниот директор на „БМЈ Медиа груп“, Бојан Јовановски, познат...

Македонија17 часа

Притвор од 30 дена за бизнисменот Зоран Милевски

Судот вечерва му изрече 30 дена притвор на бизнисменот Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец, кој беше неколку часа на...

Македонија17 часа

Полицијата влезе и во домот на Катица Јанева

Полицијата вечерва влезе и во домот на специјалната обвинителка Катица Јанева, откако била издадена судска наредба за одземање на предмети....

Регион20 часа

Вучиќ по средбата со Макрон: Го молев да ни помогне за косовското прашање

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека не е сонувач ниту фантазер за да мисли дека францускиот претседател, Емануел Макрон, ќе...

Македонија22 часа

Јовески поддржува ветинг по ослободителната пресуда за Латас

Првиот човек на Јавното обвинителство, Љубомир Јовески, рече дека го поддржува решението за ветинг или друга форма на проверка на...

Македонија22 часа

(Видео) Обвинителството со детали: Боки 13 и Милевски барале 8 милиони евра рекет од бизнисмен

Бојан Јовановски, познат како Боки 13, и Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец, се осомничени за примање награда за противзаконито...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Новите снимки за Нешкоски само потврдуваат како владеел Груевски

Новообјавените разговори за убиството на Мартин Нешкоски само потврдуваат како владеела претходната гарнитура и како се обиделе да скријат убиство,...

Македонија1 ден

Уапсен Боки 13

Попладнево е уапсен Бојан Јовановски – Боки 13. Неофицијално, апсењето е по барање на Обвинителството за организиран криминал. Тој попладнево...

Досие