Свет
Русија е јасна – не се закануваме, само предупредуваме
Предлогот на Москва за безбедносни гаранции не е ултиматум или закана, туку предупредување, изјави рускиот заменик министер за надворешни работи Александар Грушко во интервју за весникот „Комерсант“.
„Никому не се закануваме. Ние предупредуваме. Нашиот став е апсолутно јасен и предвидлив. „Јасно кажавме и сега чекаме еднакво искрена реакција“, рече дипломатот, додавајќи дека НАТО многу добро знае какви воено-технички мерки може да преземе Русија.
„Не ги криеме нашите можности, постапуваме многу транспарентно“, додаде Грушко.
Во исто време, како што истакна заменик министерот, конкретните мерки ќе зависат од тоа каков воен потенцијал може да се искористи против интересите на Русија.
Тој посочи дека Москва ќе одлучи дали ќе го продолжи дијалогот со НАТО и САД за руските безбедносни гаранции, по „писмениот одговор на писмените предлози на Русија“.
Грушко ги отфрли обвинувањата дека Русија се обидува да ги врати зоните на влијание во светот со своите предлози за безбедносни гаранции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

