Свет
Русија пресретна четири странски авиони во еден ден во близина на своите граници
Руски ловец „миг-31“ денеска пресретна патролен авион на норвешките воздушни сили „орион“ над Баренцовото Море, кој се движел кон руската граница, соопшти руската Северна флота, пренесува „Спутник“.
Според Северната флота, над Баренцовото Море била забележана воздушна цел, која се движела кон руската граница.
„За да се идентификува воздушната цел и да се спречи нелегалното преминување на државната граница, беше ангажиран борбен авион ‘миг-31’. Екипажот на рускиот ловец ја идентификува воздушната цел како базен патролен авион ‘П-3С орион’ на норвешките воени сили и го придружуваше над водите на Баренцовото Море“, изјавија од Северната флота.
Откако авионот се оддалечил од руската граница, ловецот „миг-31“ се вратил на својот матичен аеродром.
Ова е четврти странски воен авион пресретнат во близина на руската граница во еден ден. Пред тоа руски ловец „сухој су-30“ пресретнал три воени авиони на Франција над Црното Море.
Руските радари претходно денеска откриле воздушни цели кои се приближуваат кон руската граница над неутралните води на Црното Море.
„Испратен беше ловец ‘су-30’ да ги идентификува целите и да спречи нелегално преминување на границата. Екипажот на рускиот ловец ги идентификува воздушните цели како два тактички авиона ‘мираж-2000’ и еден танкер за воздушно полнење ‘С-135’ на француските воздухопловни сили и ги придружуваше над Црното Море“, информираа од рускиот Јужен воен округ нагласувајќи дека било спречено какво било илегално преминување на руската граница.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

