Свет
Русија тврди дека произвела прототип на вакцина против ХИВ

Русија тврди дека има прототип на вакцина против ХИВ.
Како што изјави денеска шефицата на руската Служба за фитосанитарен надзор „Роспотребнадзор“, Ана Попова, Русија повеќе години работела на вакцина против ХИВ.
„Имаме свои порототипови, своја вакцина“, истакна Попова.
Таа додаде дека на вакцина против ХИВ работат и научниците од Институтот „Вектор“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп нареди повторно отворање на Алкатраз

Американскиот претседател Доналд Трамп повика на повторно отворање на озлогласениот затвор Алкатраз. Во објава на неговата социјална мрежа Truth Social, Трамп предупреди дека Америка е „мачена од сурови, насилни и сериски криминалци, отпадоци од општеството, кои никогаш нема да придонесат за ништо друго освен за беда и страдање“.
„Кога бевме посериозна нација, не се двоумевме да ги затвориме најопасните криминалци и да ги држиме подалеку од секого на кого можеа да му наштетат. Така треба да биде. Повеќе нема да толерираме овие сериски криминалци да шират нечистотија, крвопролевање и хаос по нашите улици.“
Затоа денес му наложувам на Бирото за затвори, во соработка со Министерството за правда, ФБИ и Министерството за внатрешна безбедност, повторно да го отворат значително проширениот и реновиран АЛКАТРАЗ за да ги сместат најзлобните криминалци во Америка.
Повеќе нема да бидеме заложници на криминалци, бандити и судии кои се плашат да си ја работат работата и ни дозволуваат да ги отстрануваме криминалците кои нелегално влегле во нашата земја. Повторното отворање на Алкатраз ќе служи како симбол на закон, ред и правда“, напиша Трамп.
Свет
(Видео) Хутите најавија нови напади врз израелските аеродроми, вчера беа повредени три лица

Јеменските Хути ги повикаа сите меѓународни авиокомпании да ги „земат предвид“ нивните планови за напад врз израелските аеродроми.
Имено, синоќа тие објавија дека работат на воведување „сеопфатна воздушна блокада“ на Израел со постојано таргетирање на израелските аеродроми.
بيان القوات المسلحة اليمنية بشأن إعلان فرض الحصار الجوي الشامل على الاحتلال الإسرائيلي رداً على تصعيده الأخير بقرار توسيع العمليات العدوانية على #غزة.#الميادين#اليمن pic.twitter.com/N00GMm01bF
— قناة الميادين (@AlMayadeenNews) May 4, 2025
За потсетување, три лица беа полесно повредени вчера наутро, откако проектил испукан од групата падна во близина на Терминал 3 на аеродромот Бен Гурион.
Израелски воени извори за „Ерусалим пост“ изјавија дека ракетата не била пресретната поради техничка грешка во одбранбениот систем.
Портпаролот на војската на Хутите, бригаден генерал Џахџа Сари, објави на Телеграм дека нападот е извршен како одговор на одлуката на Израел да ги прошири воените операции против Хамас во Појасот Газа. Одлуката ја донесе израелскиот кабинет за безбедност во петокот вечерта, а неколку резервни бригади на израелската армија ќе бидат мобилизирани како дел од проширувањето на операцијата.
Свет
Трамп: Светот ни ја одзема филмската индустрија, тоа е безбедносна закана

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на својата социјална мрежа Truth Social дека планира да воведе царина од 100 проценти на сите филмови произведени надвор од САД и увезени на американскиот пазар.
„Филмската индустрија во Америка многу брзо умира. Други земји нудат секакви стимулации за да ги привлечат нашите филмски работници и студија надвор од Соединетите Американски Држави. Холивуд и многу други делови од САД се уништени. Ова е организиран напад од други земји и затоа претставува закана за националната безбедност. Покрај сè друго, станува збор и за пораки и пропаганда!“
Затоа ги овластувам Министерството за трговија и Канцеларијата на трговскиот претставник на САД веднаш да го започнат процесот на воведување 100-процентни царини на сите филмови продуцирани во странство што влегуваат во нашата земја.
Сакаме филмовите повторно да се снимаат во Америка!“ напиша Трамп.