Свет
Руската амбасада демантира дека е суспендиран договорот за поморската база во Судан
Извештаите за суспендирање на договорот меѓу Судан и Русија за создавање поморска база во африканската република немаат никаква врска со реалноста, соопшти руската амбасада во Судан, пренесува ТАСС.
„Во врска со извештаите што се појавија во регионалниот и суданскиот медиумски простор за наводно суспендирање на договорот меѓу Русија и Република Судан за создавање логистички центар за руската морнарица на територијата на Република Судан, Амбасадата нагласува дека овие изјави не одговараат на реалноста, без оглед на т.н. извори. Руската амбасада во Картум не добила никакви известувања од суданската страна“, се вели во соопштението.
Вчера, „Ал Арабија“ објави, повикувајќи се на свои извори, дека Судан го сусепендирал договорот потпишан со Русија за изградба на поморска база во земјата. Според ТВ-каналот, договорот „потпишан од Москва со претходниот режим“ е суспендиран „сè додека не биде одобрен од законодавниот дом“. Картум веќе ја известил Москва.
На почетокот на декември 2020 година беше објавено дека Русија и Судан склучиле договорот за изградба на центар за поморска логистичка поддршка и одржување во африканската земја. Воената логистичка база е дизајнирана за извршување поправки, надополнување на резервите и за одмор на членовите на екипажот на руските поморски бродови.
Судан ќе ѝ ги предаде на Русија бесплатно за целиот период на траење на договорот територијата и недвижниот имот што ја сочинува крајбрежната зона и водната област со пристаништето. Воениот и цивилниот персонал не треба да надминува 300 лица и може да се зголеми по договор со Судан, предвидува документот.
Договорот ќе важи за 25 години со автоматско продолжување за 10 години ако ниту една страна не ја извести другата страна писмено преку дипломатски канали не помалку од 12 месеци пред истекот на соодветниот период за намерата да го раскине.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Рубио: Нема повредени во иранскиот напад со дрон врз конзулатот во Дубаи
Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека сите вработени се безбедни по иранскиот напад со дрон врз комплексот на американскиот конзулат во Дубаи.
Според него, дронот погодил паркинг покрај зградата на конзулатот, а голем број вработени го напуштиле објектот пред почетокот на американско-израелската акција против Иран, пренесе Си-Ен-Ен.
Just got a new angle of the Burjuman Dubai US Embassy Explosion pic.twitter.com/0WM65HOGW2
— Deon Menezes (@DeonMen) March 3, 2026
Претставник на Обединетите Арапски Емирати изјавил дека конзулатот бил затворен во моментот на нападот.
Во безбедносно предупредување е наведено дека Амбасадата на САД во Абу Даби и Конзулатот во Дубаи ги откажале сите термини за визи, услуги за американски државјани и нотарски услуги најмалку до 4 март.
На американскиот персонал во Обединетите Арапски Емирати му било наредено да остане на безбедно и да не доаѓа во дипломатските претставништва.
Канцеларијата за медиуми на Дубаи соопшти дека пожарот предизвикан од инцидентот со дронот е изгаснат и дека нема повредени. Видео снимки на Си-Ен-Ен покажуваат густ црн чад кој се издига над зградата на конзулатот.
Свет
Ирак: Соборен дрон кај меѓународниот аеродром во Багдад
Ирачките власти соопштија дека дрон бил соборен во близина на меѓународниот аеродром во Багдад, без жртви или материјална штета, јави Анадолу.
Во соопштение пренесено од Ирачката новинска агенција (ИНА) се наведува дека леталото било пресретнато на надворешниот периметар на аеродромот.
Генерал-потполковник Саад Маан изјавил дека станува збор за мало беспилотно летело и потврдил дека нема човечки или материјални загуби.
Овој развој на настаните доаѓа откако претходно во Ербил, на северот на Ирак, се слушнале експлозии по напад со дрон насочен кон американскиот конзулат и градскиот аеродром, каде биле активирани системите за противвоздушна одбрана. Дроновите биле пресретнати, но нема потврда за нивниот точен број.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА

